Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
2Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
ХороскопДневен хороскоп за 19. мај 2023 годинаДневен хороскоп за петок, 19. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете. Кариера Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо. Здравје и совет Имате причини и за радост и за тага. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство. Кариера Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува. Здравје и совет Подобрување. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни. Кариера Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа. Здравје и совет Денеска имате влијание врз другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи. Кариера Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни. Здравје и совет Продолжете понатаму без нервоза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание. Кариера Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место. Здравје и совет Можни се мали проблеми со видот. Вага 24.9.-23.10 Љубов На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално. Кариера Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата. Здравје и совет Имате сила за двајца. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие. Кариера На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија. Здравје и совет Бидете трпеливи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу. Кариера освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете. Кариера Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава. Здравје и совет Вие сте добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост. Кариера И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба. Здравје и совет Не е се во материјалното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални. Кариера Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови. Здравје и совет Бидете јасни и недвосмислени. Овен 21.3-20.4. Љубов Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска. Кариера Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Здравје и совет Бидете објективни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓанитеНаш приоритет е обновување и унапредување на здравствениот систем. Со набавката на 100 нови амбулантни возила правиме значаен чекор кон побрзи и поефикасни интервенции, но продолжуваме да ги решаваме и останатите наследени проблеми. Во периодот што следи, фокусот ќе биде на нови инвестиции во здравството, вклучително и Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти што се планира да се финансираат со поддршка на Светската банка и Европската инвестициска банка. Со конкретни проекти и решавање на проблемите чекор по чекор, продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамБМВ не се откажува: Новиот М3 со бензински мотор е потврден за 2028. (ВИДЕО)BMW не се откажува од својот стандарден шестцилиндричен мотор. Иако пристигнувањето на електричниот M3 се очекува за неколку месеци, одделот M развива и спортски седан од нова генерација со бензински мотор, чиешто излегување е закажано за 2028 година. Новите шпионски снимки од тестирањето го откриваат прототипот под дебела камуфлажа, а снимен е и звук од мотор со внатрешно согорување. Иако возилото е скриено, масовно раширените браници потврдуваат дека станува збор за M модел, а не неодамна претставениот M350 xDrive. Звукот снимен кога моторот се пали дава навестување за тоа како би можел да звучи еден од последните, а можеби и последниот, M3 со бензински мотор. Нов мотор за построги стандарди Под хаубата веројатно се наоѓа надградена верзија на познатиот двоен турбополнет 3,0-литарски шестцилиндричен мотор, познат интерно како S58. Сепак, моторот нема да биде идентичен со оној во сегашниот модел. БМВ претходно објави „нов тип шестцилиндричен мотор“, што ги поттикна шпекулациите за можното воведување на некаков вид електрификација. Во меѓувреме, компанијата ја отфрли можноста за инсталирање на тежок plug-in хибриден систем, па затоа најверојатното решение е благ хибрид, првенствено поради сè построгите еколошки прописи. BMW неодамна веќе го адаптира моторот за европскиот пазар за да ги исполни нормативите Euro 7. За таа цел, се користи технологијата „M Ignite“, која веќе е применета кај моделите M2 и M4. Системот вклучува палење со претходна комора, две свеќички по цилиндар и турбополначи со променлива геометрија. Целта е да се подобри ефикасноста без намалување на моќноста, а BMW истакнува дека оваа технологија му дава и на моторот поостар звук при повисоки вртежи. Крај за рачниот менувач и погонот на задните тркала? За да се исполнат идните прописи на Европската Унија, следниот M3 би можел да добие и 48-волтен благ хибриден систем, иако BMW сè уште официјално не го потврди ова. Покрај тоа, имаше гласини кои укажуваат на голема промена во филозофијата на моделот. Според тие информации, BMW би можел да понуди исклучиво погон на сите тркала како стандард во следниот бензински M3. Тоа би го означило крајот на опциите само со погон на задните тркала со мануелен менувач, што е значително отстапување од 40-годишната традиција на моделите M3 што датира од оригиналниот четирицилиндричен E30. Останува надежта дека купувачите барем ќе имаат можност да го исклучат погонот на предните тркала, како што е случајот со сегашниот M3 Competition xDrive и новиот M350 xDrive. Сепак, љубителите на класичната комбинација со три педали и погон на задните тркала треба да размислат за купување на сегашниот G80 додека е сè уште достапен. Ограниченото издание M3 CS Handschalter би можело да биде последниот M3 со мануелен менувач. Дизајн и цени на идните модели Во однос на изгледот, се очекува бензинскиот M3 во голема мера да се потпира на најавениот електричен M3 во однос на дизајнот. Пропорциите малку ќе се разликуваат, но целокупниот дизајн на надворешноста и ентериерот ќе бидат речиси идентични. До крајот на деценијата, на пазарот треба да се појават каравански верзии на двата модели, едната со четири електрични мотори, а другата со шестцилиндричен бензински мотор. BMW веќе објави дека обете верзии на моделот M3 ќе имаат слична цена.Тагови: бмв мотор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаЃорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин ПотокГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината. - Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter