Џулија Робертс: Сопругот уште ми пишува љубовни писма! - Канал 5

Џулија Робертс: Сопругот уште ми пишува љубовни писма!

Холивудската ѕвезда Џулија Робертс се уште ги деманатира шпекулациите дека се разведува од сопругот режисер.

Џулија Робертс: Сопругот уште ми пишува љубовни писма!

„Убавата жена“ во интервју за светски познат магазин истакна дека сопругот „и е остварување на сонот“.

Џулија Робертс, која моментално може да се види во филмот „Ticket to Paradise“ каде глуми со големиот холивидски заводник Џорџ Клуни, во последното интервју за Sunday Morning зборуваше за својот семеен живот - нејзиниот сопруг Даниел Модер и нивните три деца.

Наградуваната актерка, која е во брак со режисерот Модер повеќе од 20 години, изјави дека актерството и е сон, но дека тоа не е единствениот сон што се остварил.

Таа исто така истакна дека, се разбира, не е секогаш сè совршено, но дека наоѓа многу мир и радост во поминувањето време со семејството.

- Кога не глумам, да се биде домаќинка е моја работа со полно работно време, објасни таа.

Џулија, која се омажи за Модер во 2002 година, откри дека нејзиниот сопруг сè уште и пишува љубовни писма, кои ги чува на посебно место за еден ден да и ги покаже на својата ќерка.

- Тоа е нешто што јас и Дени го правиме одсекогаш. Првото писмо што ми го напиша беше на седум страници, сè уште го чувам. Еден ден ќе и го покажам на ќерка ми Хејзел и ќе и кажам - ова е тоа што треба да го бараш, вели Јулија.

Актерката и нејзиниот сопруг имаат три деца, 17-годишните близнаци Хејзел и Финеус и 15-годишниот син Хенри.

Џулија и Дени се запознале на снимањето на филмот „Мексиканецот“ каде Дени работел како снимател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци

Лишени од слобода 32 лица за безобѕирно управување на возило.

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци

Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои три за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило.

Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 302 прекршоци за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, осум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието.

Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен.

Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата.

Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен.

Конкретна работа. Конкретни резултати.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

На ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

Активни пожари:

Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума);

Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација);

Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).

Пожари под контрола:

Општина Делчево – градска депонија (депонија);

Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација);

Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).

Изгаснат пожар:

Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер