3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
МакедонијаМинистерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетатаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“, во рамки на која учествуваше на сесија посветена на оперативното управување со кризи и оствари средби со високи претставници на австриски институции. Во фокусот на првиот ден беше и унапредувањето на односите меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката. Божиновска оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. На средбата беа разменети мислења за билатералните и економските односи, актуелните прашања во енергетиката и процесите на енергетска транзиција, како и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор. Како дел од програмата, Божиновска оствари и работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Во фокусот на разговорот беа лидерството, јавната служба и значењето на меѓународната размена на искуства. „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ е извршна програма на Дипломатската академија на Виена, која ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот и е насочена кон зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за современите предизвици во јавниот сектор. Во продолжение на престојот во Виена, министерката Божиновска ќе има обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена и ќе одржи предавање посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат презентирани клучните процеси во енергетиката, развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување. Со учеството во програмата и работната агенда во Виена, Министерството продолжува со активно меѓународно позиционирање на македонските енергетски приоритети и отворање простор за нови партнерства и размена на искуства. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter