3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
БалканГрадоначалникот на Тирана се јави од затвор, сите се шокирани: Ова е невидено во историјата на Албанија (ВИДЕО)Ерион Велај, градоначалникот на албанската престолнина Тирана, им се обрати на гласачите преку дигитална копија од себе создадена со помош на вештачка интелигенција, ветувајќи бесплатни оброци за учениците. Видеото е објавено на неговиот официјален Инстаграм профил и е јасно означено како содржина генерирана од вештачка интелигенција, објавува The Next Web. Проблемот, сепак, не е во тоа што градоначалникот си се обратил преку видео од вештачка интелигенција, туку во фактот дека е во затвор, каде што чека судење. Во четириминутното видео, дигиталниот Велај седи пред знамињата на Албанија и Тирана. Тој започнува со заблагодарување на граѓаните за почетокот на учебната година и објаснување зошто не може лично да им се обрати. „Јас сум заложник 20 месеци и можам да го испратам овој поздрав само преку вештачка интелигенција“, вели верзијата на градоначалникот со вештачка интелигенција. 🇦🇱 Albania’s capital, Tirana, has released an AI avatar of Mayor Erion Veliaj to address citizens from now on. The real Veliaj is currently in prison. https://t.co/yhhbuOEliJ — kos_data (@kos_data) October 6, 2026 Поголемиот дел од видеото е посветено на неговата работа. Велај се сеќава на запуштените градинки за кои вели дека ги пронашол во 2015 година, училиштата оштетени во земјотресот во 2019 година и новите училишта и градинки изградени за време на неговиот мандат. Според неговиот дигитален аватар, целта била да се направи добро училиште достапно за секое дете во секој дел од градот, без оглед на семејниот приход. Кон крајот на видеото, тој зборува за бесплатните оброци за учениците, кои претходно ги ветил. „Вистина е дека ме поставија во заседа и ме затворија, но јас ќе го исполнам ова ветување. Без разлика колку сакаат да ме држат подалеку од градот и од вас, Тирана е честа на мојот живот. За да ја вратам оваа чест, ќе продолжам да работам дури и од ќелијата во која ме затворија“, вели Велај. Видеото предизвика бура од реакции во Албанија, а локалните медиуми го споредија со говорите генерирани од вештачка интелигенција што поранешниот пакистански премиер Имран Кан ги користеше за комуникација со поддржувачите додека беше во затвор. Ерион Велај беше уапсен во февруари 2025 година. Албанското специјално обвинителство за борба против корупцијата (СПАК) го обвини него и неговата сопруга за учество во шема која, според обвинителството, вклучувала стекнување на околу еден милион евра преку мито и градски средства. Обвиненијата вклучуваат корупција, перење пари и прикривање на имот, што Велај и неговата сопруга ги негираат. Судот во февруари оваа година пресуди дека случајот треба да оди на суд, а во септември Врховниот суд на Албанија пресуди дека Велај мора да остане во притвор додека трае постапката. И покрај ова, Велај сè уште е официјално градоначалник на Тирана. Во 2025 година, градскиот совет гласаше за негово разрешување, по што беа распишани нови избори. Меѓутоа, во ноември, Уставниот суд пресуди дека разрешувањето е неуставно, а гласањето беше откажано. Албанија се стреми да се приклучи на Европската Унија, но сè уште не е членка, поради што правилата на ЕУ за задолжително означување на содржината генерирана од вештачка интелигенција, кои стапија на сила во август, сè уште не се применуваат во земјата.Тагови: Албанија Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook