СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
2СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
3 Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
Шоу бизЏуд Ло открива по што најмногу жали сега кога е „стар и почнува да оќелавува“ Џуд Ло го откри своето најголемо жалење сега кога е „стар и почнува да оќелавува“ во новото интервју за магазинот DuFour.Добитникот на БАФТА изјави дека на почетокот на својата актерска кариера ги одбил улогите резервирани за жешките млади актери бидејќи не сакал да го прави она што сите го очекувале од него. Но, кога би можел да се врати во времето, не би го направил истото. Иако повремено се потпишуваше на филмови како „Талентираниот господин Рипли“ и „Празникот“, во кои играше атрактивни мажи, Ло рече дека повеќе го привлекуваат неконвенционални улоги. На пример, во филмот Gattaca од 1997 година, тој играше поранешен спортист и инвалид кој живее во општество опседнато со евгеника, додека во филмот Полноќ во градината на доброто и злото, тој играше сексуален работник кој е убиен од неговиот партнер. . „Се чувствувам како никогаш да не ја играв жешката актерска карта кога бев помлад, иако имаше улоги кои бараа атрактивна енергија“, објасни Ло. „Во раните дваесетти играв против мојот изглед, а сега кога сум стар и ќелав, жалам што не играм на таа карта“, додаде тој. Неговиот последен филм е историската драма Firebrand, која ја прикажува врската помеѓу Хенри VIII и неговата последна сопруга Кетрин Пар (Алисија Викандер). Ло мораше да помине низ значајна физичка трансформација за да го отелотвори стариот и болен крал на Англија. Иако жали што во младоста не глумел поатрактивни ликови, изјавил дека се забавувал играјќи некој кој не е физички привлечен. За потребите на снимањето, тој морал да носи тежок костим кој не го извадил цел ден за подобро да се нурне во улогата на Хенри VIII. Освен тоа, носел и парфем кој мириса на крв, измет и пот, бидејќи прочитал дека кралот на Англија смрдел кон крајот на животот затоа што раната на едната нога почнала да му скапува по несреќа во дуел. "Прочитав неколку извештаи кои велеа дека можете да ја почувствувате смрдеата на Хенрик дури и кога сте далеку во три соби. Ногата почна лошо да му скапува. Ја покривал со масло од роза", открил актерот. Филмот Firebrand минатата година имаше премиера на Канскиот филмски фестивал, а годинава ќе се прикажува во одбрани кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваДејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независностСо спектакуларниот концерт на светската диџеј и продуцентска ѕвезда Дејвид Гета, Скопје синоќа беше во знакот на големата музичка прослава по повод 35 години независност на Македонија.Бројната публика во арената „Тодор Проески“ уживаше во големото шоу, моќната продукција, светлосните ефекти и препознатливиот звук на еден од најуспешните светски музички артисти. Вечерта започна со настапите на Семпре и Диџеј Никифор, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата. Потоа на сцената се појави Дејвид Гета, кој приреди вистински музички спектакл и пред македонската публика ги донесе своите најголеми светски хитови. Од првите тактови до самиот крај, арената беше исполнета со енергија, светла и илјадници посетители кои пееја и танцуваа. Концертот е последниот настан од прославата на 35-годишнината од независноста. Тагови: Дејвид Гета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
МакедонијаПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските властиПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.Тагови: Перпарим Бајрами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
МакедонијаСДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо МихајловИсто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста. Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја. Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер. Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар. Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите. Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област. Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос. Народот едвај врзува крај со крај. Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко. Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години. Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности. Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ. Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една. Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг. Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани. Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00