Шоу бизЏони Деп сведочи на суд: Амбер на почетокот беше предобра, потоа се смени (ВИДЕО)Џони Деп вчера и денеска сведочеше во судски процес во кој ја тужи за клевета Амбер Херд, неговата поранешна сопруга.Во своето тричасовно сведочење, кое продолжи денеска, актерот детално зборуваше за наводите за семејно насилство, употреба на опијати и нивната врска. Тој на почетокот на сведочењето рече дека целта му е единствената вистина, а за обвинувањата за насилство рече: „Имаше расправии и слични работи од ваков карактер, но јас никогаш во животот не ја удрив госпоѓа Херд, ниту сум удрил која било жена“. View this post on Instagram A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp) Напомена и дека најмногу му пречи што луѓето со кои бил близок, кои ги советувал и верувале во него, ќе мислат дека е измамник. „Чудно е кога еден ден си Пепелашка, а другиот ден си квазимодо“, сликовито се изрази Деп. Тој зборуваше и за почетоците на врската со Амбер Херд: "На почетокот сè беше, колку што се сеќавам, премногу добро за да биде вистина. Таа беше внимателна, нежна, паметна, забавна и полна со разбирање. Во мојата глава беше совршениот партнер. И тогаш работите почнаа да се менуваат. Можеби е подобро да се каже дека почнаа да се развиваат“. Кога адвокатот го замолил да опише некои контроверзни ситуации во врската, или некои моменти во кои можел да почувствува дека не е се совршено, Деп се присетил на инцидентот со чизмите. Тој раскажал дека имале рутина Херд да му наполни чаша вино и да му ги соблече чизмите кога се враќал дома од снимање. Една вечер, вели актерот, таа зборувала на мобилен, па тој сам го направил тоа. Деп рече дека коментирала дека тоа е нејзина работа и дека е многу вознемирена што тој и ја нарушил рутината. Покрај тоа, тој истакна дека таа му се пожалила на режимот на спиење: „Спијам лошо. Наместо да лежам во соба и да зјапам во таванот, би рекол дека ќе гледам малку телевизија. Тоа не беше прифатливо за неа и предизвикуваше необични реакции. Не разбрав зошто. Зошто маж над 50 години не може да спие кога сака, туку кога таа сака?“ View this post on Instagram A post shared by Amber Heard (@amberheard) Деп раскажа и каков однос имал со семејството на актерката. Тој рече дека ги запознал кога дошле во неговото студио во Лос Анџелес. "Тие беа сосема различни еден од друг. Пејџ беше ангел, веднаш се заљубив во неа и имавме многу убав однос. Нејзиниот татко Дејвид беше сосема спротивен. Тој беше како каубој од цртан филм. Но јас ги сакав и двајцата како и нејзината сестра Витни. Се чувствував добредојден во семејството. Тие врски беа цврсти до нашето раскинување“, изјавил актерот. Но, тој зборуваше и за своето семејство, за тоа како тој и неговите браќа морале да трпат вербално и физичко малтретирање од нивната мајка. Призна дека на 11-годишна возраст првпат земал лекови за смирување од мајка му и истакнал дека секогаш земал опијати исклучиво за да се смири, а не за забава. „Јас не сум некој манијак кој треба постојано да биде пијан или да се дрогира“, рече тој, истакнувајќи дека имал и долги периоди во животот кога бил целосно трезен. Што се однесува до контроверзните пораки за агресивниот тон што ги испраќала Херд, Деп рече дека му е жал што пишувала со таков тон и дека тоа било импулсивно. Тој исто така рече дека начинот на кој пишувал бил под влијание на гонзо-новинарот Хантер С. Томпсон, но и на филмовите „Пеколен портокал“ и „Последното танго во Париз“. „Во пораките, мејловите и сè што пишувам, се обидувам да се изразам во мој стил“, истакнал тој. Да потсетиме, Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга за клевета која, како што вели, неповратно ја оштетила неговата кариера. На досегашното судење, меѓу другото, можеше да се слушне дека Амбер Херд е „газда од пеколот“, дека актерот бил малтретиран од мајка му и му дала суров прекар, но и обвинението дека Деп пенетрирал во Амбер Херд со шише алкохол откако ја претепал“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 18. август 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 18. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓи Галетановски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести плус гостува Ѓорѓи Галетановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
БизарноКози се обидуваат да се „прошверцуваат“ во градски превоз, патниците во шок (ВИДЕО)Видео од две кози кои се обидуваат да се возат во градски автобус во Портланд предизвика хаос на социјалните мрежи.Необичната „авантура“ привлече милиони прегледи, а четириножните „патници“ завршија со своја колекција маички! Камерата ја сними необичната „авантура“ Сè започна во вторник наутро, кога козите избегаа од ограден двор во југоисточен Портланд. Нивниот сопственик подоцна рече дека тие се браќа по име „Били Кид“ и „Били Коза“. Двојката успеа да се оддалечи повеќе од 400 метри од својот дом, а потоа, очигледно, одлучи да го продолжи своето патување - со јавен превоз. Снимките од надзорните камери, објавени од градската транспортна агенција TriMet, ги покажуваат козите како се приближуваат кон автобусот и влегуваат внатре. Нивното возење, сепак, не траело долго. Патниците набрзо ги забележале своите необични „придружници“ и ги избркале. По околу дваесет секунди, животните го напуштиле возилото. Потоа стигнале до блискиот трговски центар, каде што се изгубиле, објавува Oregon Live. Портландската полиција тргнала во потрага по избеганите животни, но не можела да ги пронајде. Сепак, козите очигледно го знаеле патот до дома. Ова не им било прво „бегство“ Пред нивниот сопственик дури и да сфати дека избегале, тие се вратиле во дворот. Сопственикот дознал за необичната „авантура“ дури кога пријателите го контактирале, кои ги препознале неговите миленици на телевизија. Снимката се појавила на мрежите и привлекла големо внимание. Сопственикот рекол дека ова не е прво „бегство“ на козите. Тие претходно успеале да ја пробијат оградата и да одат во дворот на соседот за да грицкаат трева. Сепак, овој пат отишле многу подалеку. Тој поставил дополнителни брави на оградата, надевајќи се дека ова конечно ќе стави крај на нивните „улични авантури“. Популарноста на љубопитните кози отиде толку далеку што TriMet одлучи да направи свои маички посветени на необичниот настан. На маиците пишува „TriMet is Goated“, игра на зборови со терминот GOAT, или „најголема од сите времиња“. Тие исто така прикажуваат цртани филмови од „Били Кид“ и „Били Коза“ како излегуваат од автобус. Маиците чинат 35 долари, а приходите од нивната продажба ќе одат за поддршка на јавниот превоз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook