Џесика Алба откри како си ги шпионира децата

Холивудската актерка Џесика Алба (39) има полни раце работа поради коронавирусот и затворените училишта - на славната мајка на три деца не и е лесно да ги надгледува 12-годишната Онор Мари, 9-годишниот Хевен Гарнер и тригодишниот Хејс.

Оваа строга мајка има инсталирано камери во сите детски соби преку кои следи како напредува нивното учење.

- Секако дека ги забележувам ако не обрнат внимание на она што наставникот им го кажува! Имам свои шпионски камери преку кои можам да видам дали се фокусирани или се задеваат. Ако случајно се тепаат, можам да ја премотам снимката и да проверам кој кого удрил прв - со гордост откри Алба.

Таа исто така го коментира фактот дека до неодамна нејзините деца немале поим дека таа всушност е мегапопуларна актерка и меѓународна sвезда!

- Се сеќавам кога Онор беше во прво одделение, еден ден се врати дома целата тажна и ме праша: 'Зошто не ми рече дека си славна?'. Таа се чувствуваше изневерена затоа што не знаеше што правам, а една соученичка и донела списание со мене на насловната страница .Не и беше јасно што прави нејзината мајка во весникот - се присетува Џесика низ смеа.

Таа додаде дека и двете ќерки долго време мислеле дека нивната мајка работи во еколошката компанија за козметика The Honest Company, која самата ја основала, а дека нејзиниот син Хејс и онака е мал, па тој дури и не размислува за нејзината работа.

Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Борис Сарафов", спроти поранешна полиција, улиците „Борис Сарафов" зграда 2 и 4, „Крсто Раковски", булеварот „Партизански Одреди" кон „ЈСП", Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Драчево: дел од улицата „Живко Фирфов" бр.85, 38, 40, 42, 44, 48, Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Драчево, односно улицата „Чупино Брдо", Општина Кисела Вода.

Демократскиот сојуз: Нова влада после парламентарни избори

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен.

Ова расправа е “КОНГРЕСНА”, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски “Конгрес”на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сето ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.

Демократски сојуз

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков

Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков, а сега му ја топат и казната за 3 години

Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години. Дали казната на Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години, и дали тоа ќе го потврди апелација? Дали ова е дел од договорот Заев - Мијалков?

Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ?

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот. Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат.

Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев - Мијалков, со цел да не падне владата на првиот?

Мафијашката коалиција Заев - Мијалков функционира и од затвор. Македонија нема мир додека и Заев не се најде зад решетки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер