3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
3Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
Шоу бизЏеј-Зи ја продолжува правната битка по обвинувањата за сексуални напади врз 13-годишничкаТужителката тврди дека има повреда на Законот за заштита на жртвите од родово мотивирано насилство за однесување што наводно се случило во септември 2000 година. Американскиот рапер Џеј-Зи и неговиот адвокат Алекс Спиро ја продолжуваат судската битка против обвинувањата дека тој, затворениот Шон Комбс - Диди и сè уште неименувана „второкласна“ славна личност од женски пол (во поднесокот: „Селебрити Б“), учествувале во повеќекратни сексуални напади врз 13-годишно лице. Федералниот суд во Њујорк пред три дена ги одби барањата на раперот да го дознае името на засега неименуваната тужителка „Џејн До“ која го поднела обвинението за случајот од пред повеќе од 24 години. А, додека се наближува судењето на Комбс за секс-трговија и другите наведени криминални престапи, Џеј-Зи, чие вистинско име е Шон Кори Картер (во поднесокот: „Селебрити А“), се надева дека „календарот и географијата“ ќе му помогнат против тужбата, пренесува „Јаху ентертејнмент“. Судијката Аналиса Торес ги отфрли и барањата на Картер и Спиро околу поништувањето на обвинението против раперот. „Тужителката тврди дека има повреда на Законот за заштита на жртвите од родово мотивирано насилство за однесување што наводно се случило во септември 2000 година. Но, Законот не е донесен пред 19 декември 2000, три месеци откако, како што тврди тужителката, се случило однесувањето, и не може да се применува ретроактивно, за да се создаде причина за тужба недостапна за тужителот во времето за коешто станува збор“, пишува Спиро во своето последно писмо до Судот. Во таа смисла, адвокатот тврди и дека можноста на „Џејн До“ и нејзиниот адвокат Тони Базби да почнат правна постапка, истекла најдоцна до август 2021, повикувајќи се и на њујоршкиот Акт за децата-жртви и неговите измени во 2019 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Секси водителка ги откри тетоважите-„Се гледаат само кога сум без облека“Атрактивната водителка ги откри своите тетоважи: „Имам многу, видливи се само кога не сум облечена“.Маја Џама го откри скриеното значење на својата тајна тетоважа на арапски јазик, која се протега преку нејзиниот бут и која ја направила кога имала само 15 години. Шармантната водителка Маја Џама често е во центарот на медиумското внимание поради својот атрактивен изглед, но и поради малку бурниот љубовен живот. Таа неодамна раскина со фудбалерот Рубен Дијаз и се чини дека ужива во тоа што е сама. Во кратко интервју, таа зборуваше за бројните тетоважи на своето тело, кои сепак не се толку лесно забележливи. За некои од нив го откри и нивното значење. „Мојата прва тетоважа е оваа на бутот, веднаш над линијата на бикини-зоната. Ријана имаше тетоважа на тоа место и имам впечаток дека сите девојки веднаш побрзаа да го направат истото. Но, боже мој, имав 15 години кога со пријателките отидовме кај една жена во Бристол, а низ собата ѝ леташе папагал. Веројатно не ѝ било дозволено законски да нè тетовира, но сепак нè истетовира сите“, изјави таа. -На мојата тетоважа на арапски јазик пишува: ‚Сакај како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа‘. Мислам дека навистина се водев според тоа. Тоа се двете работи што навистина ги правам! Имам доста тетоважи, но сфатив дека повеќето од нив се видливи само кога носам бикини или долна облека, бидејќи главно се наоѓаат на моите ребра, колкови и бутови“, додаде водителката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗлатко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селекторНа денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“. Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година. Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година. „Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот. Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир. Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити. Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00