Сиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици
2Сиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици
ЗдравјеДиректорот на Онкологија, д-р Стојковски : Донесовме седум нови лека, двојно е зголемен условниот буџет за биолошка терапија-Донесовме седум нови лека, двојно е зголемен условниот буџет за биолошка терапија, инхибитори на ароматазата од аптека!Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, проф.д-р Игор Стојковски во интервју за МИА истакнува дека двојно зголемен е условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови oдносно за биолошка терапија. Посочува дека со последниот буџет е обезбедена достапност и на седум нови лека за третман на меланом, на дојка, на бели дробови, на мочен меур и на простата. Некои од овие лекови, потенцира, се достапни во Македонија и пред да бидат достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман. - При крај е административната постапка за поставување група на лекови, инхибитори на ароматазата (анастрозол и летрозол), на позитивната листа А – така што очекуваме наскоро дека оваа група на лекови ќе може да се издава на рецепт во аптеките во местото на живеење на пациентите, нагласува проф.д-р Стојковски. Во врска со кадровскиот капацитет, вели дека пред неколку недели на Клиниката се примени четири приватни специјализанти (два специјализанти од областа на радиотерапија и онкологија и два од областа на патологијата) и по подолго време кадровски се зајакнал капацитетот на Клиниката. - Клиниката има потреба од зголемување на персоналот од сите профили и тоа медицински сестри, радиолошки технолози, медицински физичари, болничари, административен кадар итн. Активно работиме и на реконструкција на одредени делови од Клиниката, со план некои од амбулантите и биохемиската лабораторија да бидат префрлени во пофункционални простории каде нема да се создава голема гужва, нагласува директорот на Клиниката, проф.д-р Стојковски. Во продолжение следи целото интервјуто. Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија е една од неколкуте клиники, каде секој ден има огромен број пациенти за кои од животно значење е навремената достапност на терапија. Дали е надминат проблемот со недостигот на одредена терапија, како што е таблетарно хормонската („Анастрозол“, „Летрасан“, ЦДК4/6 инхибитори) и цитостатикот „Таксол“, кој пациентите мора да го примаат на секои три недели и сега незнаат што да прават и кога тие ќе бидат достапни за пациентите? Во моментот, лековите се достапни, но постои можност повремено да се појави недостиг, како резултат на фактори кои се надвор од контрола на клиниката. Такви фактори можат да бидат зголемен број на пациенти што доведува до побрзо трошење на залихите, одредени административни процедури поврзани со јавните набавки, како и доцнење во испораката од страна на производителите или дистрибутерите. Важно е да се истакне дека во такви ситуации постојат и алтернативни лекови со идентична ефикасност. Исто така, лековите кои се на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) кои во моментот ги нема на Клиниката, а се купуваат приватно, се предмет на рефундација од страна на ФЗО. Дали има можност лекот „Аромасин“ од најнова генерација, кој е антихормонска терапија за канцер за дојка и повеќето од пациентките го купуваат на приватно од соседните држави и е поефикасен, да биде ставен на позитивната листа на лекови или да се зема со рецепт од онколог? Поставувањето на нов лек на позитивната листа претставува институционален процес што се спроведува од страна на стручните работни групи во рамките на Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. За успешно реализирање на оваа постапка, неопходна е координација со производителот на лекот, како и со дистрибутерите кои се активни на фармацевтскиот пазар во државата. До каде се активностите за децентрализирање на онколошката терапија во ГОБ „8 Септември“ и во другите градови во државата каде има онколошки одделенија? Подготовките и екипираноста на одделенијата во другите градови во државата е во надлежност на клиниките и болничките центри каде овие одделенија се лоцирани. Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, иако има дефицит на кадар од сите медицински профили, се надева дека ќе смогне сили за да помогне со експертиза од областа на онкологијата и радиотерапијата за да можат овие центри да започнат со функционирање. Кога ќе се реализира ветувањето, дел од лековите кои пациентите ги добиваат на Клиниката да може да ги подигнуваат во аптека во местото на живеење? Работните групи во рамките на Фондот за здравено осигурување и Министерството за здравство се при крај со административната постапка за поставување на една група на лекови, инхибитори на ароматазата (анастрозол и летрозол), на позитивната листа А – така што очекуваме наскоро дека оваа група на лекови ќе може да се издава на рецепт во аптеките во местото на живеење на пациентите. За колку проценти е зголемен буџетот на Клиниката, што ќе значи тоа за онколошките пациенти за кои е најважно навременото снабдување со лекови и дали ќе се обезбедат нови лекови и за кои видови канцер? Условниот буџет за иновативни лекови (биолошка терапија) е двојно зголемен. Овој буџет е целосно наменски и се користи само за лекарства кои ги одобрува Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, а кои не се на позитивната листа на ФЗО, така што со последниот буџет обезбедена е достапност на седум нови лека за третман на меланом, канцер на дојка, на бели дробови, на мочниот меур и на простата. Некои од овие лекови во Македонија се достапни и пред да се достапни во земјите од нашето соседство, така што сме сигурни дека пациентите се третираат со најсовремена иновативна терапија според современите светските протоколи за третман. Од друга страна пак регуларниот буџет на институцијата е минимално зголемен и со овој буџет е потребно да се покријат сите останати трошоци, како на пример сите останати лекови од позитивната листа на ФЗО, одржување на апаратура за радиотерапија, одржување на хигиената, плати на вработени, како и да се планира експанзија и подобрување на просторните услови. Пациентите реагираат дека доктор на Клиниката дневно прегледува стотици пациенти кои дошле на преглед за потоа да можат да примаат терапија, а откако по неколку часа тој ќе заврши со нив, мора да прими и други пациенти кои дошле само за контролен преглед и да им се препише терапија за да можат да ја подигнат од дневната аптека. Очигледно е дека недостигаат доктори и медицински сестри на Клиниката. Имате ли конкретен план како да се надмине таквата состојба и дали има кај вас вработени приватни специјализанти или други нови вработувања? Се разбира за да може во рамките на институцијата да се направи реорганизација на работењето, потребно е да се зајакне како кадровскиот, така и просторниот капацитет. Се надеваме дека со префрлање на претходно споменатите лекарства на аптекарската позитивна листа и децентрализација на онколошката грижа во болничките центри надвор од Скопје ќе се намали оптоварувањето на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Пред неколку недели на Клиниката се примени четири приватни специјализанти (два специјализанти од областа на радиотерапија и онкологија и два од областа на патологијата) и по подолго време кадровски се зајакна капацитетот на Клиниката. Клиниката има потреба од зголемување на персоналот од сите профили и тоа медицински сестри, радиолошки технолози, медицински физичари, болничари, административен кадар итн. Голем број пациенти од целата држава доаѓаат на Клиниката, чекаат со часови за преглед или контрола и за подигнување терапија. Чекалните се претесни за толку многу пациенти. Имате ли план за инфраструктурно зајакнување на Клиниката и подобрување на условите за третман на пациенти? Во насока на подобрување на условите за пациентите, извршивме проширување и климатизација на чекалните во клиниката. Воведовме систем со бројчиња, информативни монитори и разглас, со цел да се овозможи поудобни услови и ред за пациентите додека престојуваат на клиниката. Паралелно, активно работиме на реконструкција на одредени делови од објектот, со план некои од амбулантите и биохемиската лабораторија да бидат префрлени во пофункционални простории каде нема да се создава голема гужва. Во среднорочен период, посветено работиме и на обезбедување услови за отпочнување со реконструкција на третиот кат, кој се наоѓа во фаза на карабина повеќе од три децении. /МИА.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
БалканУапсен е сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, по 30 часа распитТројца вработени во „Алта банка“ во Србија, меѓу кои и нејзиниот сопственик Давор Мацура, се уапсени под сомнение дека незаконски извлекле околу 383 милиони евра од банкарскиот трезор.Според Обвинителството за организиран криминал, Мацура со помош на директорот на одделението за трезорско работење и уште еден вработен, неовластено влегувал во трезорот и изнесувал пари. При претресите на банката, извршени на 31 октомври и 1 ноември, бил направен и попис на готовината. На тројцата осомничени им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат сослушани пред обвинителството. Случајот го води Обвинителството за организиран криминал кој веќе побара проверка на сомнителните трансфери на пари во странство. Освен работата на банката, банкарскиот скандал отвори сериозни прашања и за одговорноста на Народната банка на Србија. Тамошните експерти оценија дека ненадејниот колапс на банката, која со години бележела забрзан раст, претставува сериозен пропуст на надзорните институции, а Народната банка прескокнала цела низа чекори пред да ѝ ја одземе дозволата. Дел од познавачите, сметаат дека одлуката е политичка. -Првиот чекор од таа контрола е изрекување парична казна за одговорните лица. Ако состојбата не се подобри, се воведува принудна управа. Ако и тогаш состојбата не се поправи, се носи одлука за затворање на банката. Како што е направено сега во Црна Гора, воведена е принудна управа. Народната банка го прескокна сето тоа и одеднаш. Таа одредба, особено решението, е скандалозна. Едноставно кажано, банката е пропадната. Да потсетиме едно клучно прашање дека таа одлука е донесена ден по резултатите на изборите. Кучното прашање е дали НРБ на Србија би ја одземала дозволата за работа ако резултатите од изборите беа други? – Верољуб Дугалиќ, долгогодишен генерален секретар на Здружението на банки на Србија По се погласните шпекулации дека може да биде уапсен, доскорешениот српски претседател, а сега опозициски лидер Александар Вучиќ порачува дека не се плаши зашто како што посочи, бил чист и нема повзраност со какви било финансиски малверзации. -Претседател да апсите? Јас за пари не сум потпишал ништо и не работам ништо. Не можете да најдете ништо од тоа. Не знам дали ме разбирате. Можете да барате дали тој некогаш нешто рекол, трла баба ла... Единствено што можат е да се закануваат и некого да држат во страв. Мене да ме држите во страв со тоа што ќе кажете дека ќе ме уапсите? Тоа е глупава приказна. – Александар Вучиќ, лидер на опозицијата Носителот на листата победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, пак, најави дека идните апсења ќе се спроведуваат исклучиво врз основа на докази за сторени кривични дела согласно законите. Во интервју за српска „Нова“ тој ги повика вработените да се спротивстават на уништувањето на документите во дел од институциите. Најавите следуваат по вчерашното апсење на двајца високи полициски функционери, Марко Кричак и Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба. Британски „Фајненшл тајмс“, пишува дека „Алта банка“ била најотворена банка за Русите во Србија, а сега е под истрага поради сомневања за префрлање големи суми пари во странство по изборниот пораз на Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова на англиски ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвициИлијана Јотова е новата претседателка на Бугарија – таа убедливо го победи противкандидатот Андреј Ѓуров со разлика од 343,601 глас, освојувајќи 57,6% од вкупните гласови во вториот круг на изборите. Во своето прво обраќање, Јотова се заблагодари на премиерот Румен Радев за поддршката, но и го обвини Ѓуров , за како што рече, исклучително агресивна кампања против неа. -Би сакала да изразам најдлабока благодарност до „Прогресивна Бугарија“. Почитуван г. Радев, немаше да успееме без вас. Изминатите неколку дена поминаа во целосна мобилизација. Сакам да Ви се заблагодарам што ниту за миг не се поколебавте во вашата поддршка за мене. Исто така, сакам да ѝ се заблагодарам на Бугарската социјалистичка партија, која, како и секогаш, застана покрај мене во оваа исклучително тешка битка. - Илијана Јотова, претседателка на Бугарија -Завршуваме една тешка изборна година, но насоката е јасна.// За нас, овие избори потврдуваат дека правецот што го зазедовме е вистинскиот и нè охрабруваат да спроведеме уште поодлучни и поактивни реформи.- Румен Радев, премиер на Бугарија Во своето обраќање по поразот - Ѓуров кој беше поддржан и од поранешниот премиер Бојко Борисов, изјави дека го прифаќа резултатот но дека ќе биде дел од активната опозиција во државата. -За сите што беа дел од кампањата, за оние што нè поддржаа и веруваа дека постои нов пат за Бугарија – разбирам дека ова предизвикува одредено разочарување, но верувам дека ништо не беше залудно, дека најдоброто допрва доаѓа и дека создадовме навистина цврста платформа врз која можеме понатаму да градиме. - Андреј Ѓуров, кандидат за претседател на Бугарија Честитки за Јотова испрати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која побара соработка базирана на заемна почит и искрено партнерство. -Во име на македонските граѓани и во мое лично име, срдечно им честитам на претседателката Илијана Јотова и на потпретседателот Кирил Валчев за нивната изборна победа. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мирот, стабилноста и просперитетот.- Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија Во својата изборна кампања, Јотова во однос на Македонија ги повтори веќе добро-познатите бугарски ставови. Дополнително, таа најави дека ќе заземе побалансиран став кон Русија, ја повика Бугарија да биде „помалку послушна кон ЕУ„ но и изрази скептицизам за понатамошна бугарска воена помош за Украина. Јотова е првата избрана жена претседател на Бугарија, а до отставката на Румен Радев беше негов заменик-претседател. Претходно во два наврати беше и член на Европскиот парламент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Зборот е збор - за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва годинаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“ ги промовираше бесплатните униформи за сите ученици од прва година.- Ветивме и исполнуваме. Пристигна првата пратка бесплатни униформи, кои се изработени од 100% памук. Ова е почеток на реализацијата на мерката со која униформи ќе добијат сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. За мене, секое дете заслужува со крената глава да влезе во училницата. Да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво. Ниту еден ученик не смее да чувствува помала вредност поради финансиските можности на своето семејство. Во училишните клупи треба да се истакнуваат знаењето, трудот и талентот. Таму се градат пријателства, се откриваат способности и се раѓаат големи соништа. Наша обврска е да создадеме услови тие соништа да растат. Токму затоа, со бесплатните униформи го олеснуваме товарот врз семејниот буџет и придонесуваме за намалување на видливите социјални разлики меѓу учениците. Правиме конкретен чекор кон училишна средина во која нема место за потсмевање, дискриминација и булинг поради облеката што некој ја носи – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од многубројните градски активности во интерес на младите. - Опремивме кабинети по информатика, обезбедивме дидактички материјали и помагала, интерактивна технологија, смарт табли, нови клупи и столчиња. Вложуваме во спортски терени и фитнес зони, во современи услови за учење и здрав развој. Продолжувам со истата решителност, затоа што зад секоја мерка стојат ученици со свои надежи и семејства што очекуваат поддршка. Нивната доверба е обврска што се исполнува со дела. Влогот во младите е влог во иднината. А иднината на Скопје ја градиме денес, со секое исполнето ветување – рече Ѓорѓиевски, соопштуваат од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00