ЖивотДиректорка на училиште со палка претепува ученичка пред нејзината шокирана мајка (ВИДЕО)Мелиса Картер, директорка на основно училиште во Клевистон, округот Хендри, Флорида, е снимена како удира шестгодишно дете со широка палка, а на сцената била сведок шокираната мајка на ученичката која пријавила сè во полиција.Неименуваната мајка, која не зборува течен англиски јазик, за Винк њуз изјавила дека била повикана на училиште откако наводно нејзината ќерка уништила училишен компјутер. Таа рече дека не знаела за што станува збор се додека не дошла на училиште на 13 април да плати казна од 50 долари. Потоа ја однеле во канцеларијата на директорката каде веќе била нејзината ќерка, по што Картер го извадила стапот и го удирала девојчето по задникот. Флорида е една од 19-те сојузни држави во САД кои сè уште дозволуваат физичко казнување во училиштата, но праксата е забранета во округот Хендри. Мајката рече дека не знаела што да прави и дека се плашела дека ако се вклучи и таа ќе се најде во неволја поради нејзиниот имиграциски статус. Затоа, таа го снимила инцидентот. A 6yo child in FL. was beaten by her school principal, in front of her mother, for damage she allegedly caused to a computer. ⚠️ this video is graphic. It’s infuriating, outrageous & shocking & the principal is now under criminal investigation. https://t.co/M3cIZeTMKa pic.twitter.com/HPAcbYXlXe — David Begnaud (@DavidBegnaud) May 2, 2021 - Никој не би ми верувал. Ја жртвував ќерка ми за другите родители да знаат што се случува во нашето училиште - рече таа и го опиша текот на настаните. - Кога влегов во канцеларијата, директорката започна да вреска. Немаше камери. Се прашував што правиме јас и ќерка ми таму, сами. Никогаш порано не сум ја удрила ќерка ми, особено не со омразата што ја направи таа.“ Мајката веднаш ја одвела својата ќерка на лекар за да ги забележи модринките предизвикани од ударите. Мајката, вели таа, сега е позагрижена за психолошкиот ефект што тепањето го имало врз нејзината ќерка. Адвокатот ангажиран од мајката на девојчето, Брет Провински, рече дека тие го разгледуваат случајот и дека можат да ја тужат директорката, како и друга вработена што се гледа на снимката, Сесилија Селф, која требало да биде таму за да и преведе на мајката што се случува. Ниту директорот ниту училиштето не одговориле на барањата за коментар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фуЖителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС. На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија. Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација. Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти. Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума. Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“. Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми. Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
КултураВечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари. Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“ Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на МоскваБелата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната. Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор. Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта. Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување. Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година. Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. „А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој. Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.Тагови: Доналд Трамп русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29