Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Сметководство со примена на меѓународни стандарди за поголема конкуреност Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководили работат активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во Македонија. -Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци коишто се основа за донесување на прави деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави кои ја имаат клучната улога за државата. Оттука важна улога има Институтот на сметководители и овластени сметководители во унапредување и издигнување на сметководствената професија и градење сметководство со примена на прифатени стандарди во развиените земји кои пак влијаат на конкурентноста на домашните компании и можност за соработка со компаниите на глобално ниво, рече министерката и упати на значењето на сметководителите кои се финансискиот крвоток на компанијата и дека нивните вештини носат до развој на компаниите и развој на целокупната економија. Таа посочи дека се работи на нов Закон за сметководили кој е во линија со барањата на европското законодавство, односно Директивата за корпоративно известување за одржливост и добрите меѓународни практики и стандарди, како и на примена ESG (Environmental, Social, Governance) стандардите, односно животна средина, општествена одговорност и управување кои претставуваат темел за градење на одржлив бизнис, кои стануваат се поактуелни. Конференцијата, како што соопшти Министерството за финансии, се одржа во Скопје во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар протокРеката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.Тагови: Дунав Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документОва е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во ГостиварКризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување. Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност. Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече. Сакаше да изгледа како спасител. Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија. Три цистерни вода за град од 50.000 жители. Тоа е сѐ што понудија. Сега ја отруја и болницата. Го загрозија целото население. Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски. Обвинителството мора веднаш да реагира. Ова повеќе не е само неспособност. Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter