Ди Каприо и Скорсезе сакаат да снимат филм за сериски убиец од 19. век - Канал 5

Ди Каприо и Скорсезе сакаат да снимат филм за сериски убиец од 19. век

Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе се во преговори за производство на долгоочекуваната филмска адаптација на најпродаваниот роман на Ерик Ларсон, Ѓаволот во белиот град, велат извори за Deadline.

Ди Каприо и Скорсезе сакаат да снимат филм за сериски убиец од 19. век

Станува збор за криминална драма базирана на вистински настани, која Ларсон ја објави во 2004 година.

Пред десет години, познатиот режисер иницираше планови за филмот, за кој Ди Каприо ги откупи правата во 2010 година. Сепак, нивниот проект беше прекинат кога беше објавено дека режисерот Тод Филд наместо тоа ќе ја адаптира книгата, со Кијану Ривс во главната улога. Сепак, од непознати причини, Киану се откажа од снимањето на серијата, која на крајот никогаш не ја виде светлината на денот.

Изворите сега тврдат дека Ди Каприо и Скорсезе веќе некое време работат на филмот, за кој со години веруваат дека е приказна која ќе одекне и ќе ги воодушеви сите љубители на филмот.

Приказната го следи лекарот Хенри Х. Холмс, социопат и сериски убиец од 19 век, за кој се верува дека убил околу 200 луѓе. Тој ги шармирал своите жртви, претежно млади девојки, и ги носел во хотелот што го изградил, каде ги убивал за да им ги продаде органите за медицински истражувања. Во неговиот „замок за убиство“, како што на крајот стана познат хотелот, Холмс имал гасна комора, крематориум и маса за сечење.

Ѓаволот во белиот град би бил седмиот филм на Скорсезе со Леонардо ди Каприо во главната улога. Досега имаат соработувано во филмовите Gangs of New York (2002), The Aviator (2004), The Departed (2006), Shutter Island (2010), The Wolf of Wall Street (2013) и Killers of the Flower Moon (2023).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер