Девојка му напиша порака на едно момче кое бришеше прозорци - Канал 5

Девојка му напиша порака на едно момче кое бришеше прозорци

Не се надеваше на оваа реакција од негова страна!

Девојка му напиша порака на едно момче кое бришеше прозорци

Еден прилично згоден маж стана планетарно популарен додека бришеше прозорци на еден облакодер. Додека максимално сконцентрирано и посветено ја извршувал својата задача на огромна висина, висејќи на јажиња, бил набљудуван од група девојки кои за време на паузата во една канцеларија го пиеле своето кафе.

Имено, една корисничка на ТикТок, подели снимка откако на прозорецот од нејзината канцеларија се појавил еден маж кој ги бришел прозорците. На снимката, таа се доближува до стаклото со ливче во раката на кое очигледно е напишана порака. Дечкото гледа во друг правец, не сфаќајќи дека младата жена сака да му порача нешто. Меѓутоа, во еден момент застанува и ја гледа пораката и на неговото лице се појавува насмевка од уво до уво.

@bebluerock can you guess what we wrote? 👀 #askyourwindowcleaner #taylorswift #youbelongwithme #worklife ♬ You Belong With Me (Taylor’s Version) - Taylor Swift

Сепак, на изненадување на многумина што ја виделе снимката на ТикТок, тој одмавнува со прстот во знак на негирање. Луѓето се интересираа што ли го прашала младата канцелариска службеничка и дали е можно да ја одбил. Секако, сите алудираа на тоа дека младата жена за моччето имала понуда „што не може да се одбие“.

- Дали си оженет? -

-Дали ти треба помош? –

-Ти се допаѓам? -

-Може ли бесплатно да ми ги исчистиш прозорците? –

И додека се редеа коментари, во кои корисниците на оваа мрежа го погодуваат прашањето, од типот дали младиот човек е сам, дали сака да јаде одредена храна и слично, други на шега прокоментираа дека човекот си го ризикувал животот чистејќи ги прозорците и дека таквата игра од страна на оваа „тиктокерка“ не е во ред.

Сепак, корисниците на оваа социјална мрежа инсистираа да го дознаат вистинското прашање.

На крајот, таа конечно открива дека таа била само загрижена за младиот човек и го прашала дали работи на дождливо време.

Корисниците на оваа мрежа не го криеја разочарувањето, тврдејќи дека мислеле оти девојката е покреативна и прашала нешто поконкретно. Многумина истакнаа дека изгубиле време погодувајќи што всушност е напишано на хартијата. Некои се сомневаа во веродостојноста на нејзиното прашање и истакнаа дека во двата случаи, односно во двете видеа, девојката носи џемпер со различна боја, па тврдат дека таа едноставно не сакала да признае што напишала и ги снимила видеата во два различни дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Италија: Учениците и студентите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Антивладините протести на студенти и средношколци продолжија во голем број градови низ Италија, а за време на демонстрациите избувнаа неколку инциденти во кои незадоволните демонстранти се судрија со полицијата.

Хаос во Италија: Учениците и студентите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Средношколци и студенти, кои бараат државата да издвои повеќе средства за училиштата и универзитетите, фрлаа камења, јајца и ракети кон полицијата во Торино, јавува агенцијата ANSA.

Безбедносните сили активираа водни топови и солзавец, додека од градскиот плоштад одекнуваа скандирања „Сите ја мразат полицијата“. Полицијата ги потисна демонстрантите додека тие извикуваа слогани како „Пари за училишта, а не за војна“ и „Помалку оружје, повеќе права“.

Објавени се и снимки на кои се гледа како демонстрантите фрлаат огномет кон зградата на Министерството за образование во Рим. Знамињата на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел беа запалени за време на студентскиот протест во тој град.

Меѓу демонстрантите во Рим, беа видени и демонстранти со качулки на главите, јавува агенцијата Adnkronos.

Почнувајќи од Пјаца дел Ескилино, студентите кои маршираа низ Рим за протестот „Ден без Мелони“ стигнаа до Виале Трастевере, каде што се наоѓа Министерството за образование, меѓу петарди, димни бомби и сирени. Студентите пееја и извикуваа „Валдитара, отвори ги вратите!“, според Аднкронос.

Протестниот марш во Болоња, во кој учествуваа околу илјада студенти, беше организиран на булеварите, со блокиран сообраќај на неколку места, а во близина на железничката станица, учесниците на протестот беа запрени од безбедносните сили во опрема за немири, објави италијанскиот јавен сервис РАИ.

Студентите запалија димни бомби и фрлаа шишиња, по што дојде до краток судир кога полицајците ги потиснаа со штитови.

По завршувањето на студентскиот протест во Милано, учесниците ја окупираа поранешната мртовечница на многу прометната Виа Франческо Сфорца, зад Државниот универзитет.

Во Верона утрово, група бунтовни ученици запалија контејнери на улица до стручно училиште, а 10 студенти беа испрашувани за инцидентот. Околу 2.000 студенти се собраа во Фиренца на протест, развевајќи голем транспарент на кој пишуваше „Ако ни ја одземете иднината, ќе ви ја блокираме сегашноста“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелски рабин издаде верска наредба да се крадат палестинските маслинки (ВИДЕО)

Истакнат израелски рабин објави религиозен декрет со кој им се дозволува на израелските доселеници да берат маслинки од палестинските имоти на окупираниот Западен Брег. 

Израелски рабин издаде верска наредба да се крадат палестинските маслинки (ВИДЕО)

Според декретот на Дов Лиор, еден од највлијателните религиозни водачи меѓу доселеничката заедница, самата жетва „докажува еврејско сопствеништво врз таа земја“.

Лиор тврди во декретот дека Палестинците не ја поседуваат земјата на која живеат бидејќи не ја купиле од „израелскиот народ“ или од кој било Евреин. Тој ја опишува таа земја како „украден имот“. Тој се повикува на еврејските религиозни закони и наведува дека сопственоста врз земјата не може да се пренесе со кражба. Затоа, според него, палестинската земја останува сопственост на „израелскиот народ“.

Тој додава дека садењето маслинки не им дава на Палестинците право на земјата или нејзините плодови. Лиор верува дека Палестинците веќе добиле доволна компензација за садење дрвја бидејќи ја користеле културата со години, и вели дека и земјата и плодовите треба да се вратат на она што тој го нарекува „правилни сопственици“.

Регулатива во контекст на напади врз земјоделците

Одлуката беше објавена во време на зголемени напади од страна на доселениците врз Палестинците и нивниот имот, особено насочени кон земјоделците за време на сезоната на берба на маслинки. Нападите вклучуваат физичко насилство, забрана за пристап до полиња, уништување на дрвја и кражба на посеви. Вакви инциденти се повторуваат секоја година во октомври, а овој месец се забележува значително зголемување на нападите.

Уредбата на Лиор не е ограничена само на земјиште во близина на нелегални населби, туку им дозволува и на доселениците да земаат маслинки од подалечни палестински области.

Тврдења за неказнивост и правен статус

Палестинските, израелските и меѓународните организации за човекови права ги обвинуваат израелските власти дека не го спречуваат насилството на доселениците и не ги казнуваат сторителите. Тие истакнуваат дека целите на нападите се палестински домови, земјоделско земјиште и возила.

Според меѓународното право, израелските населби изградени на окупираната палестинска територија се сметаат за нелегални. Палестинците инсистираат на своето право на земјиштето и се спротивставуваат на обидите да им се одземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Данска: Поради лозинката „123456“ протекоа податоци за 8,8 милиони луѓе

Еден хакер тврди дека лозинката „123456“, користена од една ИТ компанија, овозможила пристап до личните податоци на 8,8 милиони луѓе кои се наоѓаат во данскиот национален регистар на население.

Скандал во Данска: Поради лозинката „123456“ протекоа податоци за 8,8 милиони луѓе

Во овој безбедносен пропуст е вклучена компанијата „Pays ApS“, данска фирма за ИТ и услуги поврзани со податоци, која има овластен пристап до централниот регистар на население во земјата, познат како „CPR“.

Данските власти потврдија дека некој го искористил легитимниот пристап на компанијата за да дојде до имиња, адреси, лични идентификациски броеви и други информации. Од „Pays“ подоцна потврдија дека нивниот пристап бил компромитиран.

Овој инцидент се надоврзува на други големи безбедносни пропусти поврзани со услуги од трети страни, вклучително и хакерскиот напад во октомври врз „Discord“ ботот „Double Counter“, при што беа изложени „IP“-адресите на милиони корисници.

Според порталот „The Register“, лицето кое ја презема одговорноста изјавило за данскиот весник „Politiken“ дека пристапот бил овозможен преку корисничка сметка заштитена со лозинката „123456“.

„Politiken“ објави дека најмалку три кориснички сметки во компанијата ја користеле оваа лозинка, вклучително и една администраторска сметка. Наводниот хакер изјавил дека нема намера да ги продава или објавува информациите.

Од компанијата „Malwarebytes“ наведоа дека првичниот пристап наводно потекнува од протечена лозинка поврзана со поранешен вработен во „Pays“. Оваа компанија нудела услуги кои им овозможувале на клиентите да ги проверуваат своите податоци во „CPR“ (Централен регистар на лица), вклучително и ажурирање на адреси и идентификување на починати лица.

Документи до кои дојде данскиот медиум „TV 2“ покажуваат дека напаѓачот добил пристап на 10 септември и до 20 септември извршил приближно 14 милиони автоматизирани пребарувања.

Пропустот бил откриен на 2 октомври, откако била забележана невообичаено висока активност поврзана со една фактура. Во моментот на објавување на извештајот, компанијата „Pays“ не одговорила на прашањата од „The Register“ во врска со тврдењата за лозинката.

Во Данска, засегнатите записи опфаќаат приближно 5,5 милиони живи лица и 3,3 милиони починати лица.

Од администрацијата на „CPR“ изјавија дека имињата и адресите на лицата кои имаат посебна заштита на своите лични податоци не биле изложени. Администрацијата му го одзеде пристапот на претпријатието, ја извести националната институција за заштита на податоци и потврди дека полицијата спроведува истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер