Во многу институции при вработувањето се уште има дискриминација по етничка основа, констатирал народниот правобранител, Насер Зибери согласно посебниот извештај за 2023 година, кој се однесува на следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор.
Извештајот покажал дека бројот на институции се зголемува, а бројот на вработени во јавната администрација се намалува. Во годинава што изминува се отвориле 10 нови институции и нивниот број сега изнесува 1335., а бројот на вработените во јавната администрација се намалил за речиси 2.500 лица.
Народниот правобранител исто така упати апел кон институциите – да го почитуваат правото на правична застапеност, како основен уставен постулат, без оглед на укинувањето на алатката Балансер.
Зибери верува дека во најбрз можен рок ќе се донесе ново законско решение притоа запазувајќи ги принципите на стручност и компетентност, односно запазувајќи го мерит системот.
Народниот правобранител исто така имаше забелешки во однос на вработувањата по етничка застапеност во МАНУ, МЕПСО и ЈП . Тој кажа дека од 91 вработен во МАНУ, 90 се Македонци, а само еден Албанец и ниту еден од друга етничка заедница. Во МЕПСО и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор етничката застапеност, како што кажа е крајно непочитувана и таа е под 10 отсто, односно само 6 отсто на албанската етничка заедница, а под 1 отсто турската етничка заедница.