Деспотовски: Резултатот кој го очекуваме е да имаме повеќе компании надвор од главниот град

Сите граѓани на Македонија не ги чувствуваат истите бенефити од странските инвестиции како граѓаните на скопскиот регион.

Причината според директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски е вреднувањето на земјиштето врз основ на приходите, а според анализите скопскиот регион приходува 10 пати повеќе од останатите зони.

-Да донесеме инвестиции не само со поголем квалитет, туку инвестиции кои ќе придонесат за сите наши граѓани. Од оваа анализа денеска и од моделот кој го воведовме, резултатот односно исходот кој го очекувам е да имаме повеќе квалитетни компании во повеќе други локации освен во главниот град, вели Јован Деспотовски.

Токму поради големата разлика во регионите, државата воведува нов пристап со кој странските компании кои ќе инвестираат во регионот околу главниот град ќе добијат помалку средства од оние кои ќе се одлучат да инвестираат во останатите зони ширум земјата.

-Компаниите кои ќе инвестираат во главниот град ќе имаат губиток, нема да бидат повластени како до сега, разликата помеѓу пазарната цена за наем на земјиштето кое државата им ја нуди ќе им се засметува во пакетот државна помош, вели Јован Деспотовски.

На денешниот брифинг беше презентирана анализата на ТИРЗ во соработка со Cushman& Wakefield на тема вреднување на земјиштето со кое државата располага во слободните зони, со цел поттикнување на странски инвестиции и рамномерен регионален развој.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер