Десетици илјади Шпанци направија човечки синџир, откако на брегот испливаа 15 тони мртви риби - Канал 5

Десетици илјади Шпанци направија човечки синџир, откако на брегот испливаа 15 тони мртви риби

Десетици илјади луѓе вчера формираа човечки синџир околу Мар Менор, солена лагуна во југоисточна Шпанија, за да предупредат на смртта на тони риби поради земјоделското загадување со нитрати.

Десетици илјади Шпанци направија човечки синџир, откако на брегот испливаа 15 тони мртви риби

Снимките од угинатите риби, кои што останале без кислород поради загадувањето, се на сите наслови на шпанските медиуми и ја шокираа јавноста.

Според снимките, долги редици жители фатени за раце, заедно со туристите, се фатија за раце долж плажата Алказарес, која се протега на шест километри на брегот на лагуната. Организаторите проценуваат дека учествувале 70.000 луѓе.

"Тоа беше жал за смртта на животните. Сакавме луѓето на некој начин да побараат од нив прошка за варварството", рекол Исус Кутилас, еден од организаторите.

„Сведоци сме со денови на убиство на милиони риби и болно е да се гледа сето ова непотребно страдање“, нагласил тој.

YouTube video

Научниците сметаат дека главната причина за недостаток на кислород се стотиците тони нитрати што се користат како ѓубриво во интензивното земјоделство. Нитратите го промовираат растот на алгите, кои го задушуваат водниот екосистем, и овој феномен се нарекува еутрофикација. Во понеделникот, седмиот ден од почетокот на угинувањата, властите соопштиле дека извадиле помеѓу 4,5 и 5 тони риба, а вчера количината на извлечена риба и алги изнесувала 15 тони.

Министерката за животна средина Тереза ​​Рибера ја обвини регионалната влада, предводена од Народната партија, дека замижува пред илегалното земјоделство во долината Картагена, голема област на интензивно земјоделство. Земјоделските организации тврдат дека строго го почитуваат законот за животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициски час од ноќеска во Париз- Франција воведува вонредни мерки (ВИДЕО)

Француските власти воведоа полициски час за сите граѓани во одредени делови од Париз, на Плоштадот на Републиката и на улиците околу квартот Ал во првиот арондисман, кој ќе биде на сила од 22 часот вечерва до 6 часот наутро.

Полициски час од ноќеска во Париз- Франција воведува вонредни мерки (ВИДЕО)

Мерката не се однесува само на малолетници, туку беше воведена по немирите што избувнаа за време на викендот на маргините на протестите што се одржаа низ цела Франција, објави АП.

Градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, изјави претходно денес дека насилството, грабежите и палењето на јавни згради ќе продолжат во Франција сè додека владата не даде политички одговор на кризата.

Обраќајќи се пред граѓаните собрани пред Градското собрание, тој рече дека е потребно да се направи план и да се разговара со средношколците и студентите кои протестираат низ целата земја во последните недели, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем, објави „Ле Фигаро“. „Треба да работиме на попрецизна платформа на барања за да ги поставиме условите за излез од кризата. Го повикувам премиерот Себастијан Ле Корнеј да го разгледа ова прашање и да започне преговори со средношколските, студентските и работничките организации“, рече градоначалникот.

Бранот масовни протести во Франција започна кон средината на септември како локален штрајк и бунт на ученици и наставници во средно училиште во сиромашно предградие на Париз, а беше предизвикан од лошите услови за образование, хроничниот недостиг на наставници, преполните училници и дотраените училишни згради.

Протестите се проширија во средните училишта и универзитетите низ целата земја и беа придружени со масовни блокади и судири со полицијата.

На демонстрациите им се придружија синдикати, родители и активисти на поранешното движење „Жолти елеци“, а на почетните барања за реформа на образованието им се придружија масовни улични протести против високите трошоци за живот, зголемувањето на цените на горивата и владините мерки за штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен руски напад во Украина- загина бебе во количка, мајката почина во болница

Во напад со руски беспилотни летала врз регионот Харков во североисточна Украина загинаа шест лица, меѓу кои и деца, а уште 14 лица се повредени, меѓу кои и шест деца, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Страшен руски напад во Украина- загина бебе во количка, мајката почина во болница

„Ужасен руски напад врз регионот Харков. Беспилотните летала директно погодија луѓе во парк, во близина на кафуле. Тоа е чин на чист варваризам“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Убиени се две девојчиња

Меѓу загинатите беше и девојчето Ангелина, кое имаше само малку повеќе од една година. Родена е во август 2025 година и била во количка за бебиња во времето на нападот. Нејзината мајка Ина почина во болница, објави украинскиот претседател. Во нападот загина и едно единаесетгодишно девојче.

Зеленски изрази сочувство до семејствата на жртвите и им се заблагодари на сите што продолжуваат да ја поддржуваат Украина и да помагаат во нејзината одбрана од руски беспилотни летала, ракетни напади и копнени офанзиви.

Украинскиот претседател уште еднаш ги повика меѓународните партнери да ја зголемат поддршката за Украина, особено во областа на воздушната одбрана, нагласувајќи дека заштитата на човечките животи е приоритет.

„Ова се ужасни фотографии, но зад нив стојат уништени животи и вистината за оваа војна. Животите треба да бидат заштитени. На Украина ѝ е потребна воздушна одбрана“, рече Зеленски.

Зеленски повика на продолжување на санкциите против Русија

Тој, исто така, повика на одржување на санкциите против Русија сè додека продолжуваат убиствата, предупредувајќи дека економските односи со Москва не можат да се гледаат одделно од нејзиното продолжување на војната против Украина.

Тој побара од Соединетите Американски Држави да дејствуваат порешително и да го применат таканаречениот закон на Линдзи Греам, додека ја повика Европа да продолжи да ѝ дава поддршка на Украина. Тоа е американска иницијатива поврзана со заострување на притисокот врз Русија.

„Украина сака мир. Русија е таа што инсистира да продолжи да убива цело време“, напиша Зеленски, повикувајќи ја меѓународната заедница да ги искористи сите расположиви можности за да ја запре војната и да ја гарантира безбедноста, како и да ѝ помогне на Украина.

„Светот има доволно сила да ја запре војната. Таа сила конечно треба да се употреби против убијците“, заклучи украинскиот претседател.

Информациите за бројот на жртвите и околностите на нападот се базираат на соопштението на украинскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно судири на полицијата со демонстрантите во Милано- стотици се приведени (ВИДЕО)

Италијанската полиција привела 271 лице за време на немирите што избувнаа во Милано во неделата, потврдија властите. 

Повторно судири на полицијата со демонстрантите во Милано- стотици се приведени (ВИДЕО)

Ова беше втор ден од протестите поради лошите јавни услуги и растечките трошоци за живот, а беа обележани со судири со полицијата, грабежи на продавници и уништување на имот, пишува Ројтерс.

Полицијата за немири употреби солзавец и водни топови против неколку стотици маскирани демонстранти кои запалија канти за ѓубре и ограбија продавници во центарот на градот. Според телевизиските снимки, ограбени се продавниците за спортска опрема Декатлон и Арк'терикс и филијала на Водафон.

YouTube video

Од сите приведени, уапсени се 32 лица, објави полицијата во понеделник. Меѓу уапсените се 23 малолетници и 13 странски државјани. Поднесени се пријави против уште 28 лица до судските органи.

Немири и во други градови

Немирите во Милано се продолжение на слични судири што се случија во саботата во неколку градови на северот од земјата, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Полицијата во извештај од неделата соопшти дека во тоа време биле уапсени 28 демонстранти. Ситуацијата во Италија потсетува на онаа во соседна Франција, каде што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во саботата. Протестите поттикнати од зголемувањето на трошоците за живот и намалувањето на јавните услуги се меѓу најнасилните таму во последните години.

YouTube video

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го осуди насилството. Таа најави дека владата, која се соочува со избори следната година, ќе одржи состанок во понеделник за да разговара за одговорот на оваа ситуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер