Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче - Канал 5

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче.

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, тие заедно ги испланирале грабнувањето на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп и грабнувањето на Жежовски со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев, кој треба да одговара на прашања на бранителите на останатите обвинети. Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

На изминатото рочиште Кешишев изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.

Одговарајќи на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата, Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.

На прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи

Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите, вели премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи

Голема привилегија е да се обратам пред вас денес на Конгресот на ЕПП - меѓу колегите лидери кои се посветени на вредностите на слободата, демократијата и одговорното владеење. Нашиот собир ја нагласува заедничката визија: Европа обединета со принципи, зајакната со солидарност и водена од заслуги.

Мојата Влада останува длабоко посветена на конзервативните вредности: вредностите на семејството, одговорноста, економската слобода и почитувањето на владеењето на правото. Од овие принципи сме водени дома и го инспирираат нашиот ангажман со Европа. Замислуваме заедничка европска иднина, цврсто стоиме на овие трајни вредности.

Сепак, искреноста ме принудува отворено да се осврнам на предизвиците со кои се соочуваме. Европскиот проект ветува еднаквост, правичност и можности – но, понекогаш, ние доживуваме поинаква реалност. Нашиот народ, гордите македонски граѓани кои ги претставувам, од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди. Стандарди кои ја поткопуваат довербата, го намалуваат ентузијазмот и ризикуваат да го ослабат самиот европски дух што го застапуваме.

Мојата нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат. Сепак, постојано бевме сведоци на менување на целите и дополнителни услови, кои се применуваат селективно, прикривајќи ја транспарентноста и правичноста што ги ветува Европа. Овој пристап не ја зајакнува Европа - го слабее нашиот колективен кредибилитет и ги намалува нашите заеднички цели.

Од клучно значење е лидерите на ЕПП, и во институциите на ЕУ и во земјите-членки, да станат движечка сила зад проширувањето на Западен Балкан во Европската унија. Вашето лидерство и проактивен ангажман значително ќе го подобрат кредибилитетот и ефективноста на процесот на проширување.

Јасно да кажеме: интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија не е само чин на добротворност - тоа е стратешки императив. Тоа обезбедува мир, стабилност и безбедност не само за нашиот регион, туку и за цела Европа. Процесот на пристапување мора да остане заснован на заслуги, воден од јасни критериуми и транспарентни проценки. Ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите.

Цврсто верувам дека нашата колективна иднина лежи во обединето европско семејство. Наша заедничка одговорност е да го поддржуваме интегритетот на овој процес, потврдувајќи ја нашата посветеност на правичност и еднаквост. Македонскиот народ заслужува да види дека неговата посветеност и жртви вистински се почитуваат и се признаваат.

Заедно, да ја обновиме нашата посветеност: Европа силна и обединета, изградена на вредности, доследност и меѓусебно почитување.

Благодарам.

YouTube video

Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од 16 до 18 мај во Ниш ќе се одржи голем народен собир, обраќање ќе има претседателот Вучиќ

Голем народен собир ќе се одржи во Ниш од 16 до 18 мај, објавија белградски медиуми.

Од 16 до 18 мај во Ниш ќе се одржи голем народен собир, обраќање ќе има претседателот Вучиќ

На собирот ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе присуствуваат и гости од странство. Датумите ги потврди самиот Вучиќ, кој рече дека потоа ќе им се обрати на „мнозинството граѓани, пристојни луѓе“.

„Очекувам дека ќе имаме пријатели од странство, кои ни се идеолошки блиски, и кои ќе се приклучат на тој собир“, рече тој.

„Потоа ќе продолжиме за Крагуевац, Нови Сад, сите места каде што насилниците и бандитите ни забранија да дојдеме“.

Порталот „Нишке новине“ пред два дена објави дека „се објавуваат реклами“ за 17 мај во Ниш, за собирот - „Мирно, достоинствено, обединето“.

Александар Вучиќ, во гостување на ТВ Пинк пред неколку дена, исто така рече дека најголемиот број кандидати за Движењето за народот и државата, доаѓаат од Ниш, пропорционално на бројот на жители.

Првиот собир на тоа Движење, кое најверојатно е официјален организатор кој го доставува извештајот за собирот до полицијата, се одржа во Белград на 12 април, јавија белградски медиуми.

Ердоган-Мелони: Зајакнување на соработката во областа на одбранбената индустрија

Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија.

Ердоган-Мелони: Зајакнување на соработката во областа на одбранбената индустрија

Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија со нови проекти, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ќе продолжиме да ја зајакнуваме соработката во областа на одбранбената индустрија со Италија, во која е постигнат значителен напредок, а се предвидуваат и нови партнерства и проекти“, рече Ердоган по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Мелони, Ердоган рече дека лидерите поставиле нова годишна цел од 40 милијарди долари трговска размена меѓу двете земји.

Италијанската премиерка Мелони истакна дека пет години однапред ја надминале целта од 30 милијарди долари во трговската размена поставена на последниот меѓувладин самит.

„Сега поставивме нова цел, односно на среден рок трговијата да достигне 40 милијарди долари. Потребно е многу работа, но двајцата можеме да сметаме на динамиката на нашите компании. Заедничката декларација што ја усвојуваме ја потврдува цврстината на нашите односи и денес ги поставува темелите за понатамошно зајакнување на нашето партнерство“, додаде Мелони, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Ердоган пристигна денеска во Рим за да учествува на четвртиот меѓувладин самит на Турција и Италија, на покана од Мелони. Тој беше свечено пречекан од Мелони во резиденцијата Вила Памфили во Рим. По свечениот поздрав од почесната гарда, двајцата лидери се ракуваа и позираа за фотографите.

На самитот стана збор за чекорите за унапредување на соработката меѓу Турција и Италија, како и за актуелни регионални и глобални прашања. Предвидено е потпишување на неколку билатерални договори што ќе ја зацврстат правната основа на односите, а исто така ќе се одржи и бизнис-форум со учество на претставници од деловните заедници на двете земји.

Ердоган е придружуван од високи турски претставници и советници, меѓу кои министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, министерката за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, директорот на Националната разузнавачка организација Ибрахим Калин, директорот за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, како и директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија Халук Ѓоргун./МИА

притисни ентер