Денеска е 2 мај – во минатото традиционален ден за пикник и скара - Канал 5

Денеска е 2 мај – во минатото традиционален ден за пикник и скара

Традицијата за излет и скара и за 2 мај, годинава не продолжи, оти времето не се погоди. Ливадите и парковите останаа тивки.

Денеска е 2 мај – во минатото традиционален ден за пикник и скара

Претпладнево, сепак, поголем број на родители заедно со своите деца решија да прошетаат, па во градскиот парк и бабите и дедовци беа со нив, а некои ги учеа внуците да возат велосипед. И покрај тоа што немаше сонце не изостана детската игра со топка.

-Облачното време не ги поколеба дел од граѓаните да го искористат овој празничен ден и да излезат на куса прошетка во градскиот парк.

Некои од граѓаните пред камерата на Канал 5 велат дека се сеќаваат оти порано не се правела скара на први туку денот за излет бил втори мај.

Иако некои првите денови од мај одат за Охрид, и во Скопје може да се најде по некој охриѓанец.

-Не сум од овде, од Охрид сум, дојдевме и денеска се шетаме низ паркот...

-На втори порано се одеше на скара и на такви работи, ....

Вообичаено овие денови излетничките места се полни со луѓе, па за први и втори мај оддалеку се слушаа џагор и смеја, но тоа не беше случај попладнево. Сепак, денеска најупорни беа рекреативците, кои и покрај тоа што времето не беше сончево, денот сакаа да го минат искачувајќи се на Водно.

-Излетничките места во скопската околина останаа празни. Дождот ги растера и оние граѓани кои решија да се рекреираат. скара нема.

Во изминатите неколку години, традицијата се подраборави и поради тоа што забранети беа секакви собири, a и бидејќи повеќе од деценија втори мај е работен ден. Годинава е исклучок бидејќи се погоди на „Бајрам“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер