Прва проба на претставата ,,Алиса се враќа дома“ во Драмскиот театар - Канал 5

Прва проба на претставата ,,Алиса се враќа дома“ во Драмскиот театар

Согласно со планираната динамика Моника Ставревска студентка на режија на Факултетот за драмски уметности, денеска во Драмскиот театар ја започна првата проба на дипломската претстава ,,Алиса се враќа дома“.

Прва проба на претставата ,,Алиса се враќа дома“ во Драмскиот театар

Согласно со планираната динамика Моника Ставревска студентка на режија на Факултетот за драмски уметности, денеска во Драмскиот театар ја започна првата проба на дипломската претстава ,,Алиса се враќа дома“ што ќе се работи по текст на авторката Ивана Смилевска.

Претставата е шеста продукцијата на Драмски што се реализира согласно со Годишната програма за работа на театарот, а премиерата се планира за првата половина на октомври.

Моника Ставревска на денешната прва проба го сподели задоволството што Драмски театар ја продолжува традицијата да ги поддржува младите автори и што таа ја има можноста да ја постави нејзината дипломска претстава ,,Алиса се враќа дома“ токму во годината кога Драмски театар ја одбележува 80- годишнина од работата на театарот.

Во експликацијата за претставата режисерката Ставревска прашува: „Како ја замислувате Земјата на чудата?... Иако ова прашање неизбежно нè потсетува на безвременскиот роман ‘Алиса во земјата на чудата‘ на Луис Керол, одговорот е различен за секој од нас. Токму ова прашање е во фокусот на текстот на авторката Ивана Смилевска по кој ќе се работи претставата ‘Алиса се враќа дома‘“- дополнува режисерката Ставревска.

„Инспирирана од генијалноста и безвременското дело на Луис Карол, претставата ја деконструира препознатливата митологија на култниот роман и ја преобликува во современа, постмодерна бајка со сосема нов авторски контекст. Во едно дистописко кралство наречено Срцелија, над кое демне Црвената месечина, живеат Алиса, Црвената Кралица, Белиот Зајак, Лудиот Шапкар, Чешит Мачорот, Гасеницата, Цвеќињата, Белата Кралица и Твитл Ди и Твитл Дам. Нивното секојдневие, иако сместено во фантастичен свет, многу наликува на реалноста што добро ја препознаваме.

Режисерката Моника Ставревска понатаму појаснува: „Во оваа земја на чудата, исполнета со пророштва, сомнежи и општествени превирања, вечно љубопитната Алиса е хероината која се осмелува да го постави прашањето: колку еден мал субјект може да го разниша системот, особено кога тој систем почнува и завршува во сопствениот дом – Дворецот? Претставата „Алиса се враќа дома“ отвора простор за преиспитување на моќта, поредокот и индивидуалната одговорност, создавајќи современа сценска приказна што зборува за светот во кој живееме денес“ – вели Ставревска.

Ликовите во претставата се доверени на актерскиот тим: АЛИСА – Соња Стамболџиоска, ЦРВЕНАТА КРАЛИЦА – Билјана Драгиќевиќ – Пројковска, БЕЛИОТ ЗАЈАК – Александар Степанулески, ЧЕШИТ МАЧОР – Златко Митрески, ДИНА – Ања Митиќ, ЛУДИОТ ШАПКАР – Лазар Христов, ГАСЕНИЦА – Филип Трајковиќ, БЕЛАТА КРАЛИЦА – Трајанка Илиева-Вељиќ, ЦВЕЌЕ 1, ЦВЕТА – Ангела Пејкоска (к.г.), ЦВЕЌЕ 2, РУЖА – Нина Елзесер, ЦВЕЌЕ 3, НЕВЕНА – Ирена Димеска (к.г.) и ТВИТЛ ДИ и ТВИТЛ ДАМ – Томислав Давидовски и Марјан Наумов.

Уметничката екипа, освен режисерката, е - авторката на текстот, Ивана Смилевска; асистент на режисерката Филип Лафазановски; драматург е Александра Бошковска; сценограф е Ненад Тонкин и костимографката Роза Трајческа. Музиката е на Лука Тошев, а продуцент на претставата е Леа Манева.

Во претставата инспициент е Гоце Бојчев и суфлерка е Ивана Атанасоска.

Режисерката Моника Ставревска ја најавува премиерата на ,,Алиса се враќа дома“ во првата половина на октомври со пораката: „Не прекинувајте да верувате во чуда. Инаку сѐ што ни останува се Зајачки дупки“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Доналд Трамп објави дека го задолжил потпретседателот Венс целосно да го фокусира своето внимание на она што тој го нарекува широко распространета корупција и криминал во градовите и државите управувани од демократите. 

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Тој ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис како примери, нарекувајќи ги лошо управувани и корумпирани системи.

Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека запирањето на овие криминални активности би можело брзо да го балансира националниот буџет. Во својата објава, тој додаде и дека раководството на Демократската партија има „корупција во крвта“.

Порака до Иран

Тој се осврна и на надворешната политика, поточно на Иран. Тој рече дека на Соединетите Држави не им е потребен договор со Техеран и дека тоа време одамна е поминато. Тој тврдеше дека Соединетите Држави имаат ирански пари, кои ги процени на „стотици милијарди долари“, како и контрола врз Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Колет Крес ќе ја преземе функцијата извршен директор на „Нвидија“ откако Јенсен Хуанг поднесе оставка. 

Прво обраќање на новата директорка на Нвидија, го замени Хуанг по шпионската афера

Таа денеска беше именувана за привремена извршен директор додека компанијата бара постојан наследник на Хуанг.

Крес им се обрати на вработените во една од највредните компании во светот, чии акции драстично паднаа откако сега веќе поранешната извршен директорка на компанијата беше фатена во афера со наводната кинеска шпионка Алис Хуанг, во интерно писмо.

Ројтерс забележува дека видел копија од документот. Подолу е неговата содржина.

„Драги Енвидијци,

Имам длабока верба во оваа компанија и нејзината иднина. Повеќе од сè, имам верба во секој од вас, нашите клиенти и партнери и во виталната улога што ја играме секој ден во глобалната економија.

Управниот одбор, Извршниот тим и јас признаваме дека ова беше неверојатно предизвикувачки период и сакам да знаете колку сме благодарни за вашата отпорност, професионализам и континуирана посветеност. Ви благодарам.

Оваа компанија постигна толку многу благодарение на работата што сите ја вложувате во неа секој ден. Вие сте нашата најголема сила. Во наредните денови, ќе слушнете повеќе од раководството за нашата заедничка иднина, а ќе одржиме состанок на компанијата на 18 ноември во 9 часот наутро по PT.

Играме витална улога во градењето на технологијата што ја движи револуцијата на вештачката интелигенција и имаме важна работа пред нас. Затоа, да продолжиме напред заедно, со истата решителност и посветеност што отсекогаш ја дефинирале оваа компанија.

Ви благодарам за сè што правите, Колет.“

Одлуката за оставка беше објавена откако се појави уште една наводна афера помеѓу Јенсен Хуанг и колешка од истата компанија. Според медиумските извештаи, во случајот била вклучена Кимберли Пауел, потпретседателка на компанијата, која била одговорна за улогата на технолошките иновации во здравството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични сцени во Италија: Тоскана под вода, возачи заробени во возила, отсечени села (ВИДЕО)

Силна бура ја погоди Тоскана, Италија, каде што обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и сериозни проблеми во неколку општини. 

Апокалиптични сцени во Италија: Тоскана под вода, возачи заробени во возила, отсечени села (ВИДЕО)

Во областа Маса Карара, пожарникарите мораа да извршат спасувачка операција за да го извлечат возачот чиј автомобил беше заробен во поплавен подвозник, додека селата Касет и Форно беа целосно отсечени.

Штетата предизвикана од бурата сè уште се проценува, а италијанската Служба за цивилна заштита издаде предупредувања за вкупно девет региони. Црвено предупредување е издадено за Тоскана, додека портокалово временско предупредување е на сила во Емилија-Ромања и Лигурија.

Драмата се одвиваше во среда, 11 ноември, кратко по 19 часот, кога пожарникарите интервенираа на Виа Лонгобарда во областа Маса Карара. Возач беше заробен во својот автомобил во поплавен подвозник, а спасувачките екипи успеаја да го извлечат. Потоа човекот беше однесен во болница.

Поради ризикот од ново поплавување на реката Фригидо, дополнителна бариера беше поставена во Маса преку ноќ за да се зајакнат нејзините брегови и да се спречат понатамошни поплави.

Ситуацијата е особено тешка во населбите Касете и Форно, кои беа отсечени по лизгањето на земјиштето. Жителите разменуваат информации меѓусебно на социјалните мрежи, при што некои предупредуваат за зголемувањето на нивото на водата на реката Фригидо и ризикот од нови поплави.

„Нивото на реката е застрашувачко и продолжува да расте. Следните неколку часа не се добри. Се надеваме на најдоброто за луѓето и нивните домови“, напиша еден од локалните жители.

Околу 100 луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради вонредната состојба.

Од синоќа, пожарникарите интервенираа во дури 24 одделни случаи поради поплавени подрачја, паѓање дрвја врз автомобили и бројни лизгања на земјиштето.

Обилните дождови особено ја погодија областа Лунџиана. Во градот Тресана помеѓу четири и осум часот наутро, наврнаа 76 милиметри дожд. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека земјата веќе беше натопена од врнежите од дожд од претходниот ден.

Во Кардосо, во областа Алта Версилија, врнеше континуирано повеќе од 24 часа, при што во текот на ноќта беа регистрирани 82 милиметри врнежи. Нешто помалку дожд наврна во градовите Форновалоско, Стачием и Барга.

За разлика од најпогодените подрачја, ситуацијата е поповолна по должината на реката Серхио, во градовите Борго, Моцано, Лука, Сан Џулијано Терме и Вецано. Поплавниот бран помина околу 6 часот наутро, додека засега нема поголеми проблеми по должината на реката Арно.

Сепак, дополнителни врнежи од дожд се очекуваат во наредните часови во северозападна Тоскана.

Во Сан Џулијано Терме, куќите лоцирани во поплавната рамнина на реката Серхио беа евакуирани рано наутро. Активиран беше и општинскиот оперативен центар, што е стандардна постапка во областите за кои се прогласени црвени и портокалови предупредувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер