Демонстрантите во Ирак го запалија иранскиот конзулат (ВИДЕО)

Протестите во Ирак, во кои загинаа 350 луѓе за последните два месеци, достигнаа ново ниво кога демонстрантите го запалија иранскиот конзулат во Наџаф.

Силен пламен ги зафати sидовите околу иранското дипломатско претставништво, при што стотици млади извикуваа „Иран надвор“ и „Победа на Ирак“, пренесува АФП.

Пожарот е симболичен за светиот шиитски град Наџаф, кој секоја година пречекува милиони шиитски верници, претежно Иранци. Иранскиот конзулат во друг свет град Кербали веќе беше на мета на демонстрантите претходно овој месец, но тогаш полицијата остро реагираше и уби четворица напаѓачи.

Во нападот на Наџаф, полицијата неуспешно се обидела да ги одврати демонстрантите со солзавец, при што се повредени околу 50 лица, според медицински извори.

Десетици илјади Ирачани се на улиците од 1 октомври, барајќи промена на политичкиот систем и цела нова политичка гарнитура, бидејќи сметаат дека сегашната е корумпирана и некомпетентна.

Опожарено возилото на директорот на „Идризово“ – МВР работи на расчистување на случајот

Откако рано утринава беше опожарен и целосно изгоре службениот „пасат“ на директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски пред неговата зграда во населбата Кисела Вода, МВР превзема мерки за расчистување на случајот. 

Неофицијално станува збор за подметнат пожар од засега непознати лица.

-Од МВР потврдија дека во инцидентот нема повредени,но може да се забележи дека при пожарот е зафатен дел од фасадата на зградата.

Соседите кои ги затекнавме велат дека се вознемирени од случајот. Една од нив , пред камерата на Канал 5 посведочи што се случувало во нивното соседство.

-Овој први спрат што е тука, приземје и први тој беше цел во пламен, луѓето бегаа од зградата, трчаа доле да излезат. 4 часот сабајле можете да разберете како е тоа пукање, дим, пламен...Сопругот кога се запали колата вика јас слушнав човечки гласови, тој не ги видел, меѓутоа ги слушнал. – вели една од соседките на Јовановски

За одговор на прашањето дали можеби палењето на автомобилот има друга позадина и дали Јовановски претходно добивал некакви закани, тој засега не одговори на телефонските повици.

За да не се случуваат вакви инциденти, покрај поголемо безбедносно внимание, раководните лица во овие ситуации мораат да се изјаснат дали биле подлежни на некакви притисоци и закани смета поранешниот началник на криминалистичката полиција Љубомир Ѓурчевски.

-На едната страна кажуваме политички пресметки, внатрепартиски политички пресметки, како феномен и причина на појава за ова делување. Втората криминолошка поента е делувањето на организираните криминални групи, „визави“ тоа што тие сакаат да го постигнат како своја цел за да добијат одредени бенефиции за време на одслужување на казната затвор. - Љубомир Ѓурчевски поранешен началник на криминалистичката полиција

Инаку, ова не е прв случај на палење на службени автомобили на вработени во затворот „Идризово“. Минатата година изгореа службените автомобили на командирот Африм Реџепи и на заменик директорот на затворот Феми Јоунози.

Беќаровски чека извинување од Демири:Инпутирање на било какви национални навреди е дегутантно

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски.

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски, кој вчера преку статус на министертвото за здравство беше обвинет за албанофобија, во спротивно ќе следува тужба за клевета и нарушување на угледот, напиша Беќаровски под самата објава.. Тој демантира дека во било која ситуација покажал албанофобија во било каква форма, а документот со 14те потпишани лица кои воопшто и не се вработени на клиниката го нарече незаконски...

-За вакви Лаги и Клевети, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавивте писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ. Искрено се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрени, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго наречено дегутантно,- ФБ Статус – Д-р Нико Беќаровски.

Поддршка за докторот Беќеровски стигна и од 30-тина вработени на токсикологија..

Д-р Беќаровски е врвен професионалец кој повеќе од 30 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разликана етничка припадност или припадност со политичка партија, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за остварување на политички цели е скандалозно и некоректмно и поттикнува нетрпение по национална основа.

Само вработените и раководството знаат што се случувало и што во моментов се случува на оваа клиника, разрешувањето на директорот продолжи да ги разгорува страстите.

Канал 5 стапи во контакт и со разрешениот директор Данил Петровски. Тој вели дека е разрешен затоа што не сакал да го прекрши законот и да вработува во предизборие, што му било укажано и од страна на антикорупциска.

Во непотпишувањето на договорорите, здравство виде анти-албанство, и тврдат дека на 18-те лица ќе им бидат продолжени договорите.. Кој ќе ги потпише нивните решенија, информација нема..

Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО.

Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе има билатерални средби со командантот на силите на САД за Европа и Сојузничката команда на НАТО за операции, генерал Кристофер Каволи, со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне и со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Метин Гурак.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји членки.

притисни ентер