Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
2Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
2Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
КултураДела на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски објавени во Албанија„Човечулец“ на Прокопиев, „Храпешко“ на Лафазановски и „Неверство“ на Трајкоски – издадени на албански јазик.Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри. Бајките за возрасни се тест на зрелоста, прифаќање на вечните вредности надвор од светот на егоизмот, заблуденоста и заглупеноста. Го отсликуваат животот во неговата бескрајна непредвидливост, во реалноста и фантазиите, сонот и јавето. Секој треба да го открие својот пат кон сопственото значење, откривајќи го повторно, на зрел начин, значењето на љубовта, моќта на доброто, како и уживањето во вечната игра на креативноста. „Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др. „Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведен на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај. Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство. Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 годиниПовеќето луѓе го проверуваат своето здравје еднаш годишно преку рутински лекарски прегледи. Но, ваквите прегледи даваат само моментална слика за состојбата на организмот.Ново истражување од National University of Singapore (NUS Medicine), во кое професорот Дин Хо бил и самиот учесник, нуди поинаков поглед на здравјето и долговечноста. Студијата, наречена DELTA, се заснова на идејата дека секој човек има сопствена биолошка основа која постојано се менува во зависност од возраста, стресот, спиењето, исхраната и физичката активност. За да ги следи промените во организмот во реално време, 47-годишниот професор значително го променил својот животен стил. Неговиот режим вклучувал пост од околу 20 часа дневно, повремени 48-часовни пости, 90 минути кардио или вежби со отпор секое утро, како и медитерански начин на исхрана со зелен лиснат зеленчук, семки, маслиново масло и немасни протеини. Според податоците објавени во списанието PLOS ONE, систем со вештачка интелигенција, специјално развиен за истражувањето, проценил дека биолошката возраст на професорот е 32 години, односно 15 години помалку од неговата хронолошка возраст. Истражувачите следеле и други промени. Времето потребно неговиот организам да премине од користење глукоза кон масти како главен извор на енергија се намалило од 24 на 16,5 часа. Пулсот во мирување се намалил од 65 на 46 отчукувања во минута, додека времетраењето на спиењето се зголемило од 5 на 8 часа. Подобрена била и разновидноста и состојбата на цревниот микробиом. „Здравјето е континуирана приказна, а не само една моментална слика“, вели професорот Дин Хо. Истражувачите се надеваат дека DELTA ќе помогне луѓето да се оддалечат од универзалните здравствени рутини и наместо тоа да го приспособат својот животен стил според континуирани и персонализирани здравствени податоци. ФОТО: instagram/thedeanh Извор: medscriptumКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Centar Night Run — Ноќна урбана трка | Скопје 2026 „Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски. „CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар. По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, со што спортската вечер ќе прерасне во голема забава за сите учесници и посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викендПоради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на територијата на целата општина Битола, со цел навремено да се констатираат и спречат незаконски и прекршочни постапувања. Засилените контроли ќе се однесуваат на области како што се градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, како и несовесното постапување со јавните добра. Посебно внимание ќе се посвети на појавите кои што го нарушуваат јавниот ред и квалитетот на животната средина. Граѓаните можат да го информираат општинскиот инспекторат за затекнати неправилности, несоодветно однесување или други појави од надлежност на инспекциските служби на дежурниот телефонски број 075388797. Целта на воведувањето на дежурствата е превентивно делување и навремено постапување при сите нерегуларности, недоследности и незаконитости на територијата на Општина Битола. Со оваа мерка, Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби и на навременото решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00