Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара
2Повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од Анкара
2Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
АвтомобилизамДачија се подготвува за подвиг- направија автомобил со надеж за победа на релито Дакар (ФОТО)Од Дачија мислат сериозно.Веќе ги започнаа подготовките за победа на релито Дакар во 2025 година. Откако неодамна го објавија името на возачот, сега го претставија и возилото: Сендрајдер. Развиен во соработка со познатите британски специјалисти за мотоспорт Prodrive, но во дизајнерска смисла производ на сопственото студио, Dacia Sandrider е креација во кабриолет стил со погон на четири тркала. На релито ќе се натпреварува во ултимативната категорија на рели рајд машини, Ultimate T1+. Има изглед кој е јасно инспириран од оној на Manifesto, драматичниот концепт автомобил што дебитираше на саемот за автомобили во Париз во 2022 година. Новиот автомобил ќе го возат петкратниот победник на Дакар, Насер ал-Атијах и деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Леб, кој сè уште ја бара својата прва победа во Дакар, но носи богато искуство откако работеше со Продрајв на проектот Хантер. Победничката од класата Дакар, Кристина Гутиерез Хереро ќе биде зад воланот на третиот Сендрајдер. Новиот автомобил има тубуларна конструкција и панели од карбонски влакна, па така Dacia тврди дека вишок каросерија е отстранета за да се намали тежината. Автомобилот користи суспензија со двојна оска за да му помогне да се справи со грубиот терен типичен за рели трките. Како и концептот Manifesto, фокусот е на едноставноста со само едно предно светло за магла и целосно соголена внатрешност. Исто така, практично нема настрешница напред и назад, така што Sandrider треба да може да се справи дури и со најстрмните искачувања. Интересно е што Sandrider има и голем број нови функции - на пример, анти-инфрацрвени пигменти во бојата за да се намали загревањето и неговото влијание врз возилото. Резервните тркала на Sandrider не се покриени за лесен пристап при менување, а внатрешноста има магнетни држачи дизајнирани безбедно да ги држат возачите додека скокаат низ пустината. „Сендрајдер“ користи 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор, кој произведува 355 КС и вртежен момент од 539 Nm, а ќе користи одржливо синтетичко гориво што го снабдува партнерот на Дакар, Арамко. Автомобилот ќе биде подложен на развојни тестови подоцна оваа година, пред предложеното деби на Rallye du Maroc во октомври. По првиот обид на Дакар на почетокот на 2025 година, следува целосна кампања на Светското првенство во рели-рајд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Кос – Мицкоски во ВладатаМакедонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но уставните измени остануваат услов за формалнo отворање на преговорите – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос .Македонија има реална можност да напредува кон полноправно членство во Унијата, но уставните измени остануваат услов за формалнo отворање на преговорите – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Mицкоски кој пак побара евроинтеграциите да се темелат на критериуми... Пред Владата е Афродита Рамос, Афродита, на прес-конференцијата стана збор и за планот за раст, како е оценета земјава? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
МакедонијаПовеќе кантијанизам отколку макијавелизам, обединета Европа значи посилна Европа – порача Сиљановска од АнкараПосилна, проширена и обединета Европа, значи и посилно НАТО, порача претседателката Сиљановска Давкова пред официјалниот почеток на Самитот на Алијансата во Анкара. На маргините на самитот Претседателката ќе има низа билатерални средби и свој говорт на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО. „Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката. Денеска сакам да кажам дека мотото ’Посилна Европа, посилно НАТО‘ по мое мислење е проширувањето. Обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа која предводи во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“– Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Македонија во моментот издвојува над 4 проценти од БДП за одбраната од предвидените 5 отсто кои е потребно да ги достигне во наредните 10 години, порачал министерот за одбрана Мисајловски за време на состанокот на Северноатланскиот совет на ниво на министри за одбрана. Досегашните договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и преку Европскиот мировен фонд, како што посочил Мисајловски значителено ги зајакнуваат капацитетите на македонската армија. Мисаловски беше дел и од церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата на Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа. Дел од државната делегација, која ја предводи претседателката Сиљановска Давкова е и шефот на дипломатијата Муцунски, кој на маргините на НАТО Самитот остварил средба со министерот за надворешни работи на Холандија, Том Берендсен, на која разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО. Освен со холаднскиот министер Муцунски се очекува во текот на денот да оствари десетици средби со негови колеги и шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО. Во текот на вчерашниот ден, пак престедателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кој како што посочи во објава на социјалните мрежи биле разменети мислења за натамошно јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувањаДодека секое барање на официјална Софија поврзано со Бугарите во Македонија се претставува како прашање за човекови права, барањата за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија се третираат како „техничко прашање“. Ова меѓудругото произлегува од пораките што ги упатила бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито. На состанокот кој се оддржал на 3 јули во Софија присуствувал и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Фредерик Долт. Во кусото соопштение од кабинетот на Јотова се наведува дека една од главните теми биле пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“. „За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела „ОМО Илинден против Бугарија“. Претседателката го проследи развојот на ова прашање од 2006 година до денес и укажа на интензивниот и долготраен надзор од страна на Комитетот на министри. Во исто време се очекува дека наскоро ќе заврши и надзорот врз извршувањето на пресудите, имајќи ги предвид напорите што ги вложила Бугарија и спроведените мерки за либерализација на постапката за регистрација. „Неприфатливо е техничките барања да се поврзуваат со политички толкувања“, се вели во соопштението по средбата од трети јули. – Кабинет на претседател на Република Бугарија. Коментирајќи ја неодамнешната средба на бугарскиот државен врв со претставниците на Советот на Европа, Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ вели дека Комитетот на министри мора да покаже и изврши одреден притисок во насока дека се преземени чекори во однос на пресудите за македонските здруженија во Бугарја, но во пракса за Софија тоа не мора да значи ништо. - Основна цел на Бугарија е да го затвори надзорот на Комитетот на министри за извршување на пресудите.Сите овие организации и сите овие случаи и пресуди, кои се однесуваат на тоа што организацииите не можат да се регистрираат, практично да бидат прогласени за извршени, без притоа ниту една од организациите да не биде регистрирана. Тоа е она што Бугарија се обидува да го направи подолг временски период. Вистинската причина за нерегистрацијата е многу јасна, како што очигледно наведува и Комитетот на министри – тоа е маргинализација на Македонците – вели Стојков. И покрај најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, Официјална Софија сѐ уште не овозможила регистрација на ОМО Илинден–Пирин, поради што случајот останува под надзор на Советот на Европа. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00