Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на судски совет

Четири месеци пред да и заврши двегодишниот мандат, претседателката на Судскиот Совет Павлина Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Одлуката ја соопшти на почетокот од денешната седница., по што ја напушти салата.... причините веднаш потоа ги образложи во писмено соопштение...

-Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството.- Павлина Црвенковска – Член на Судски Совет.

Нејзината оставка доаѓа откако минатата недела седуммина членови на Советот избрани од колегите судии, се побунија откако дошла со список од 15 судии, кандидати за раководни места во Академијата за судии и јавни обвинители. Црвенковска потоа реагираше дека на седница дошла со листа со имиња на предлози за одредени позиции во Академијата, а не со некаков список како што тоа сакале да го прикажат некои членови на Судскиот совет. Во краткото образложение од денеска околу тоа наведува дека:

-Последен пример со лажно брифирање на новинарите беше околу тоа дека е моја незаконската одлука за избор на член во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако јас ниту го предложив, ниту го гласав членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита.- Павлина Црвенковска – Член на Судски Совет.

Оставката на Црвенковска го изненади и заменик претседателот на Советот Селим Адеми, кој ги води седниците во отсуство на претседател, но по кратката пауза членовите не ја продолжија расправата.

Црвенковска останува како член на Советот кој како што брифираат оттаму продолжува да функционира нормално. Наскоро ќе треба да се избере нов претседател а за позицијата во игра се Тања Чачарова – Илиевска и Весна Дамева со оглед на тоа дека за членови на Советот се избрани од Собранието. Но во случај на политички договор на оваа позиција да се бира Албанец, тогаш во игра се Селим Адеми и Миљазим Мустафа кои исто така се избрани во Собранието.

Почна собраниската расправа за предлог - буџетот за 2025 година

Собранието денеска ја започна петдневната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Согласно деловникот на Собранието, на седницата пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Претставникот на владата може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска и додека власта тврди дека буџетот е развоен, од опозицијата се пожалија дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен..

Врховен суд: Неопходно е приоритетно да се постапува по извештаите на Стејт департментот

Врховниот суд на Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно

е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба.

Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, соопштуваат од Врховен суд.

Владата потпиша договор со „ДМ Бау интернешнал“, инвестиција вредна 7 милиони евра

Најмалку седум милиони евра и 200 нови работни места, предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ БАУ АГ“ за која денеска во владата договор потпишаа премиерот Мицкоски и менаџерскиот тим на компанијата.

Инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово, а вклучува вложување во купување земјиште, целосна изградба на погони и нивно опремување со машини за производство на модуларни објекти со различна намена.

притисни ентер