Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
2Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
МакедонијаЦЈЗ: Нема потврда за тоа како и од што се заразиле деца и наставници од ООУ„Невена Георгиева - Дуња“ И покрај тоа што од Центарот за јавно здравје направија увид останува енигма како и од што се заразиле петнаесетина деца и неколку наставници од основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“ во Кисела ВодаИ покрај тоа што од Центарот за јавно здравје направија увид останува енигма како и од што се заразиле петнаесетина деца и неколку наставници од основното училиште „Невена Георгиева - Дуња“ во Кисела Вода и со стомачни симптоми деновиве завршија на Детската клиника и Инфективна. Епидемиолозите ја исклучуваат можноста за загадување на водата за пиење или кујната во училиштето бидејќи сите што ги анкетирале кажале дека јаделе на различни места, а ако имало проблем со водата ќе имало многу поголем број на заразени деца. Од Центарот за јавно здравје од она што го виделе на лице место заклучиле дека хигиената била на задоволително ниво, но сепак наложиле дека треба да има сапуни и хартија во тоалетите. Епидемиологот д-р Љуљета Имери тврди дека нема доказ за извор на зараза во училиштето. -До вчера уште еден ученик. Петнаесет деца е бројка што се споменува, но офијална пријава имаме за петмина. Од нив ние немаме заеднички извор на храна, бидејќи јаделе од различни места. Вода, да, пиеле од чешма, ама од 705 ученици мала е бројката за да имаме дијагноза интоксикација елементарис за официјално пет заболени. Досега немаме пријави за новозаболени. Дадена е препорака за засилени хигиено-санитарни мерки, поставување на сапун, хартиени бришачи,- д-р Љуљета Имери – Епидемиолог ЦЈЗ. Иако Директорот на Центарот за јавно здравје информираше дека од местото се земале брисеви епидемиолозите велат дека тоа не било направено бидејќи немало индиции да се проверуваат површините на училиштето и дополнително да се анализира за бактерии на чешмите и во водата за пиење, откако претходно Водовод изготвил извештај дека во примерокот земен во петокот не се пронајдени токсични материјали. -Не е земен примерок бидејќи немало индикации. Нема отсутни деца во уличиштето. И наставничките веќе се вратени, а еден двајца ученици од второ одделение се се уште дома, а сите други се во училиште, според тврдењата на Директорот на училиштето,- д-р Љуљета Имери – Епидемиолог ЦЈЗ. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство за Канал 5 велат дека тие биле во училиштето бидејќи официјално до нив не стигнала пријава, односно никој тоа од нив не го побарал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветПетмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-ТокПет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера. Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветПропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите. - Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.Тагови: канада САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го нарече Ормускиот теснец американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време. Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook