Цитроен укина уште еден модел - Канал 5

Цитроен укина уште еден модел

Citroën објави дека го прекинува производството на својот најмал модел.

Цитроен укина уште еден модел

Тоа е градскиот C1, втората генерација на успешен градски модел што се произведува заедно со Peugeot 108 и Toyota Ayga веќе 17 години. Според најавите, C1 се повлекува од понудата, со што го повлекува францускиот бренд од А сегментот.

Според официјалното објаснување, одлуката се заснова на „новите предизвици за мобилност“ во сегментот на микроавтомобили, заедно со „големата промена во условите на урбаниот сообраќај и забрзаната енергетска транзиција“.

Реално, сè построгите стандарди за издувни гасови и безбедност ја отежнаа понудата на малото возило со прифатлива цена, придвижувано од класичен мотор со внатрешно согорување и ја направија таквата понуда финансиски неисплатлива, па се повеќе производители се повлекуваат од овој сегмент.

Да потсетиме, Citroën C1 беше премиерно прикажан во 2005 година, беше обновен во 2009 и 2012 година, а во 2014 година пристигна новата генерација. Уште во 2018 година, групацијата PSA и Toyota објавија дека ја прекинуваат соработката затоа што PSA не е заинтересирана за развој на наследник. Како што е познато, Toyota остана присутна и неодамна го претстави Aygo X.

Што се однесува до Citroën, неговата понуда го вклучува достапниот C3 како моментално единствен помал модел на таа компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е  анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. 

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“.

Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница.

Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“.

Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор.

На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“.

Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји.

„Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Холивудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис.

Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува.

Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар.

Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна.

– Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник.

Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер