Шоу бизЧлен на снимателската екипа ги тужи Алек Болдвин и продуцентите на трагичниот филм Член на филмската екипа на Rust одлучил да ги тужи продуцентите на филмот, Алек Болдвин и уште неколку членови на екипата за оружјето на сетот.Во обвинението се наведува дека тие се главните виновници за кршење на безбедносните протоколи кои би ја спречиле несреќата во која загина снимателката Халина Хачинс. Во обвинението се наведува дека Серж Светној, електричар задолжен за осветлување, стоел на само неколку метри од Алек Болдвин за време на снимањето во Ново Мексико додека остатокот од екипата се подготвувал за сцена во која ликот на Болдвин требало да извади револвер од футролата преку рамото и да го насочи го кон камерата. Кога пукал од пиштолот, тоа беше „најгласниот истрел што го слушнав за време на снимањето“, а тој понатаму открива: „Почувствував чуден и застрашувачки звук кој веројатно беше воздух под притисок што доаѓаше од мојата десна страна. На десната страна на лицето почувствував барут и други материјали од пиштолот“. Тој ги обвинува продуцентите и другите членови на екипата за невнимание поради што револверот без претходна проверка му бил предаден на актерот. Згора на тоа, помошникот режисер Дејв Холс дури објавил дека му предал на Болдвин пиштол кој немал вистинска муниција, што се покажа неточно и што ја уби 42-годишната Хачинс и го ранил 48-годишниот режисер Џоел Соуза. Светној истакнува дека Хачинс била негова пријателка и дека со неа работел на девет филмови од 2017 година и дека тој ја држел додека лежела и крварела по пукањето. Реквизитерката Сара Закри го предала оружјето на Хана Гутиерез-Рид, која го наполнила револверот, по што оружјето завршило во рацете на Холс, кои не го провериле правилно пиштолот и го прогласиле за безбеден за употреба. Покрај тоа, тој го обвинува Болдвин за несовесно однесување затоа што дополнително не потврдил дека пиштолот е навистина безбеден пред да почне да го користи. Имено, Светној тврди дека Болдвин требало да се однесува кон него како да е полн и да се воздржува да не го насочи кон кого било на сетот. Тој исто така нагласува дека немало потреба Болдвин да ја снима сцената што ја снимале и ги обвинува продуцентите дека не дозволиле тимот соодветно да се подготви за употреба на оружје, ниту пак ги предупредиле сите инволвирани за потенцијалните опасности во согласност со прописите, што резултирало со трагичен настан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
СветМечка уби маж во САДЕден маж беше убиен во напад на мечка завчера во Кристал, Ново Мексико.Полицискиот оддел на народот Навахо потврди дека нивните службеници од округот Виндоу Рок добиле пријава за нападот околу 13 часот, пишува „The Guardian“. Службениците ја застрелале мечката, која избегала во блиската шума. Полицијата подоцна известила дека го пронашле и убиле животното. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ова тешко време“, објави полицијата на народот Навахо на Фејсбук. Полицијата во резерватот додаде дека истражителите и службениците за заштита на дивите животни, исто така, излегле на терен. Идентитетот на жртвата и видот на мечката не се објавени. Полицијата апелираше до граѓаните да се држат настрана од потенцијално опасни диви животни. „Ако забележите мечка, ве молиме јавете се во најблиската полициска станица“, рекоа тие. Според официјалните податоци, ова е првиот фатален напад на мечка во Ново Мексико од 2001 година. Како што објави Асошиејтед Прес, нападот од 2001 година беше првиот таков напад во државата за сто години. Потоа почина Аделија Трухиљо, убиена во нејзината куќа од машка мечка тешка околу 115 килограми. Еден од неодамнешните напади се случил во 2020 година во Лос Аламос, исто така во Ново Мексико. Мечката им се приближила на 37-годишната жена и нејзиниот сопруг додека седеле на терасата од планинската куќа. Таа им се приближила на помалку од половина метар, потоа почнала да ја брка жената и ја нападнала на паркингот. Нападите од мечки се ретки Според извештајот на властите во тоа време, таа претрпела „повеќекратни фрактури, колабирани бели дробови и повреди од каснувања и гребнатини“. KRQE објави дека жената го преживеала нападот, а властите подоцна ја еутанизирале мечката. Фаталните напади од мечки во Северна Америка се многу ретки и се евидентираат само неколку случаи секоја година. Податоците од Северноамериканскиот центар за мечки покажуваат дека едно лице има 60.000 пати поголема веројатност да биде убиено од друг човек отколку од црна мечка. Според статистиката на Националната служба за паркови, ризикот од повреда од мечка е еден на 2,1 милиони. Извор: Индекс.хрТагови: мечка САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска трескаОпштина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА: Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци. АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци. НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ! Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Македонија25 години ЕБР – „секогаш и секаде“ЕБР одбележа 25 години постоење.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата. Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека зад денешниот капацитет и углед на Единицата стојат генерации полициски службеници кои со своето знаење, искуство, дисциплина и пожртвуваност ги поставувале стандардите што денес ги продолжуваат новите генерации припадници. „Денес ЕБР е многу повеќе од една организациона единица во рамките на Министерството за внатрешни работи. ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем на државата. Кога ситуацијата бара брза реакција, високо ниво на подготвеност, дисциплина, координација и професионалност – припадниците на оваа единица се таму каде што се најпотребни. Токму затоа мотото ‘Секогаш и секаде’ не е само слоган, туку опис на професионалната мисија на ЕБР“, истакна министерот Тошковски. Тошковски потенцираше дека современите безбедносни закани бараат модерна, професионална и добро опремена полиција, поради што Министерството продолжува со инвестиции во опрема, возила, инфраструктура, современи технологии, обука и професионален развој на полициските службеници. „Резултатите што денес ги постигнува македонската полиција покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Имаме најнизок криминалитет во последните дваесет години. Тоа не е резултат на една акција, една единица или еден човек, туку на илјадници полициски службеници кои секојдневно ја носат одговорноста за безбедноста на граѓаните. Во тие резултати свој значаен удел имаат и припадниците на Единицата за брзо распоредување. ЕБР била и ќе остане еден од нашите приоритети – затоа што тоа го налага безбедноста на државата“, нагласи Тошковски. На свеченоста се обрати и командантот на Единицата за брзо распоредување, Стојанче Николов, кој се осврна на 25-годишниот развој на ЕБР и на луѓето кои низ годините го граделе нејзиниот професионален углед. Тој нагласи дека денешната ЕБР е резултат на генерации припадници кои ги пренесувале знаењето, искуството, дисциплината и чувството на припадност кон Единицата. „За еден командант нема поголема чест од тоа да предводи луѓе на кои може да им верува кога е најтешко. За мене е особена чест и привилегија што токму во годината кога Единицата одбележува четврт век постоење ја имам одговорноста да бидам нејзин командант. ЕБР не ја создава еден командант – ја создаваат нејзините луѓе, сите генерации што поминале низ нејзините редови и секој припадник кој оставил дел од себе во она што Единицата претставува денес. Наша обврска е Единицата што ја наследивме да ја оставиме уште подобра, попрофесионална и посилна“, истакна Николов. Во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата за брзо распоредување ги демонстрираа своите врвни професионални и оперативни вештини, подготвеноста, координацијата и способноста за дејствување во сложени безбедносни ситуации, на големо задоволство на присутните гости и граѓани. По повод големиот јубилеј беа доделени признанија на пријатели и поддржувачи на Единицата, како и плакети за најдобриот припадник на ЕБР и за полициските службеници кои се дел од Единицата од нејзиното формирање, односно цели 25 години, како признание за нивната долгогодишна посветеност, професионалност и придонес во градењето и развојот на Единицата. Одбележувањето на 25-годишнината беше и можност да се оддаде признание на сите сегашни и поранешни припадници на ЕБР, како и со особена почит да се зачува споменот на загинатите и починатите припадници чија служба и жртва остануваат трајно вградени во историјата на Единицата за брзо распоредување и македонската полиција. Тагови: ЕБР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10