3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
АвтомобилизамЦелосно го уништил скапото Ферари, ја пробил заштитната ограда на автопатот (ФОТО)„Иако го носи името Pista (тркачка патека), Ferrari 488 Pista може да се вози на пат без никакви проблеми!Сепак, информациите од каталогот на Ферари за неименуван возач во Полска го покажуваат спротивното. Минатиот петок, во близина на градот Вирзиск, суперавтомобилот од Маранело слета од патот и удри во заштитна ограда. Всушност, не ја удри оградата, туку се провлече под неа. Иако на прв поглед изгледа страшно, несреќата поминала без повредени, само со материјална штета. Уништени се предниот и задниот дел, покривот и двете страни. Цената на ново Ферари е околу 300.000 евра. Полските медиуми наведуваат дека во моментот на несреќата врнело дожд, патот бил лизгав, а температурата била блиску до нулата. Да потсетиме, Ferrari 488 Pista го придвижува 3,9-литарски V8 мотор кој произведува 720 КС, што му овозможува на овој модел да забрза до 100 km/h за само 2,85 секунди! Максималната брзина е 340 km/h.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ТенисЃоковиќ се враќа во Синсинати!Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот 1000 во Синсинати по тригодишна пауза.Последниот пат кога популарниот Ноле беше во Охајо, тој ја освои титулата во онаа славна финална пресметка против Карлос Алкараз. „Со нетрпение очекувам да играм на овој турнир. Последен пат играв овде во 2023 година и инфраструктурата е значително подобрена. Одлична работа“, изјави Ѓоковиќ. Негов прв противник ќе биде Аргентинецот Тиаго Агустин Тиранте, 50-тиот играч во светот. Пред два дена, Тиранте го елиминираше домашниот претставник Јан Чоински, по тај-брејк во одлучувачкиот сет. Ова ќе биде нивната прва меѓусебна средба, и тоа на турнирот каде што сè започна за Новак. Токму во Синсинати тој го одигра својот прв меч на ова ниво, а оттогаш има освоено рекордни 40 титули на турнирите од серијата 1.000. Уште во 2005 година, тој загуби од Фернандо Гонзалез во првото коло, а 21 година подоцна влегува во главната жрепка како трикратен шампион. Новак триумфираше во 2018, 2020 и во споменатата 2023 година, кога спаси меч-топка против Алкараз, а потоа славеше по три часа и 49 минути игра – што и натаму претставува најдолго финале во историјата на АТП-турнејата кога станува збор за мечеви што се играат на два добиени сета. „Имав голема поддршка овде, од Чикаго и од Охајо. Српската заедница е навистина голема. Тоа е она што го паметам од финалињата во 2023 и 2018 година. На стадионот имаше многу српски знамиња. Беше навистина убаво“, изјави Новак.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ФудбалЕвропскиот првак ПСЖ го доведе и светскиот шампион! Шпанскиот фудбалер Феран Торес е новото засилување на актуелниот европски и француски шампион, Пари Сен Жермен.Торес, кој неодамна го реши финалето на Светското првенство, потпиша договор со европскиот шампион до 2031 година и ќе го носи дресот со број 9. ПСЖ ѝ плати на Барселона фиксна сума од 50.000.000 евра, што претставува четврта најголема продажба во историјата на каталонскиот клуб. „Многу сум среќен што започнувам нова авантура во клуб со толку големи амбиции како Пари Сен Жермен. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи, на Луис Кампос и на тренерот Луис Енрике за можноста да му се придружам на тимот, на кој се надевам дека ќе му помогнам да освои што е можно повеќе трофеи“, изјави Торес. 🧐 Ferran Torres ya entrena con el PSG ¡con túnel de collejas de bienvenida! 👀 Entró al campo con Dembelé y se le vió junto a Fabián en el rondo pic.twitter.com/u54iIvtUzU — Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 15, 2026 Торес е член на Барса од 2022 година, кога пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони. Тој помина две сезони меѓу „Граѓаните“, додека кариерата ја започна во Валенсија. Пред Торес, во Париз пристигнаа Магнес Аклиуш и Лука Дињ, а се очекува и доаѓањето на Мика Готс од Ајакс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата државаПовеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието.-Јас би сакал исто така да се придружам на честитките на претходните говорнички — на градоначалничката и на министерката. Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти им се потребни за да го градат својот дух. Како што велевме: „Во здраво тело, здрав дух“, па така, кога спортувате, кога другарувате и кога се натпреварувате истовремено, тогаш го градите и својот дух во правилна насока, а тука е, нормално, и сето она коешто доаѓа со спортот. Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата. Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму. За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа коешто беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме. Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата коишто исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините. Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter