Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
1Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
МакедонијаЦаринска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни границиСо два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани.Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија имплементација треба да заврши до средината на наредната година. Автоматизацијата на терминалите ќе овозможи значително побрз проток на стоки и намалување на времето на чекање и оперативните трошоци за економските оператори. Со замена на постојните рампи и ваги со нови дигитални системи поддржани со напредни аналитички видео камери – увозот, извозот и транзитот ќе се евидентира автоматски, за само неколку секунди по влезот на товарното моторно возило на царинскиот терминал. Автоматските ваги и рампи ќе бидат директно поврзани со системот за видео надзор и за препознавање на регистарски таблички, за што во тек е постапка за набавка на софтвер – интегратор, со што ќе се овозможи поефикасна контрола и забрзан проток на легалната трговија во согласност со ЕУ стандардите. Воедно, примената на ваквите системи ќе овозможи и намалување на влијанието на човечкиот фактор, како една алатките за ефикасна борба против криминал и корупција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агендаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда. Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација. Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возишСекое патување започнува со една едноставна одлука….Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само една секунда невнимание значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“. Дали вреди? Држи го погледот на патот. Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа. Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупцијаПред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка.Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година. Законот којшто денес беше поставен на предлог дневниот ред, од предлог дневниот ред беше повлечен, но законот сепак останува во собраниска процедура, што значи дека на некоја нова седница тој повторно ќе се најде. Отткако е добиена ова титула во септември 2023 година и отткако беше воспоставен начинот на функционирање, управување и обајавување на повици, со доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт во 2024 година целиот процес застана. Зошто? Најверојатно овој предлог закон се смислуваше 2 години. Слично толку време се смислуваше и Скопје 2014. За жал, престижната титула ЕПК Скоје 2028 за ВМРО ОКГ стана нов начин на перење пари. Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола. Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци. Само тендери и лапање пари – тоа е единствената цел на оваа организирана криминална група. СДСМ и колацијата бара итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција. Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните. Најтажен момент во цел овој процес е што уметниците, кои го донесоа признанието „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, не се ниту препознаени, ниту спомнати, ниту вистински вклучени во Предлог-законот и останаа непрепознаени и неспомнати. Прес конференција на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска – пратеничка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter