БалканБугарското МНР се огради од скандалозните изјави на ЏамбаскиБугарија одговори на вербалната нота која македонското МНР пред два дена ја испрати за навредите и провокациите од бугарскиот европратеник Џамбаски. Од таму велат дека, сите јавни изјави кои ја навредувале другата страна се неприфатливи и не ја претставуваат позицијата на официјална Софија. Од бугарското МНР, сепак не пропуштија да нагласат дека во Македонија според нив, им се кратело правото на Бугарите слободно да се здружуваат. -Секакви јавни изјави кои ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие не ја претставуваат официјалната позиција на бугарската држава, и обиди да бидат претставени како такви се некоректни и знак на недобронамерност. Независно од мноштвото провокации против Бугарија и особено против Бугарите во Македонија во последните месеци, го сметаме таквиот говор за неприфатлив и исклучително контрапродуктивен. – Велат меѓудругото од бугарското МНР Бугарскиот европратеник и до сега во повеќе наврати имаше слични изјави, а во промотивно видео за време на изборите во Бугарија минатата година порача дека Македонија е бугарска. Македонското МНР и во таа прилика реагираше со нота, но ова е прв пат официјална Софија да реагира на изјавите на Џамбаски. И додека се уште траат реакциите за провокациите и навредите од европратеникот, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов вели дека трговската размена меѓу двете држави годинава е на пат да надмине 1 милијарда евра, нешто што тој го препиша на добрите трендови меѓу двете држави. -Ќе се фокусирам на најважниот и позитивен аспект. Економските можности кои ги создава интеграцијата. Има силни индикации дека до крајот на годинава, за прв пат во историјата, трговската размена меѓу Софија и Скопје ќе надмине 1 милијарда евра. Што значи тоа? Дека бизнисот внимателно ги следи добрите трендови.--Ангел Ангелов – Амбасадор на Бугарија во Македонија. Ангелов се обрати на конференција посветена на процесот на проширување во организација на чешката амбасада во земјава, а на која се обрати и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир кој повтори дека добрососедските односи се клучни за осигурување на стабилност и мир. Според него, процесот на пристапување кон Унијата може да биде начин за подобрување на односите меѓу државите, процес кој како што кажа, не значи предавање на историјата или на идентитетот, туку сосема спротивното. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook