Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
Шоу бизБрус Спрингстин стана милијардер Брус Спрингстин стана милијардер, а неговото богатство растеше во последните неколку години.Според неодамнешната проценка на Форбс, музичарот има вредност од 1,1 милијарда долари, по шестдецениска кариера во која објави 21 студиски албум, седум албуми во живо и пет EP, продавајќи над 140 милиони албуми ширум светот. Во 2021 година, Спрингстин ги продаде своите авторски права и права на издаваштво на Sony Music во здружен договор вреден приближно 500 милиони долари. Според магазинот Билборд, продажбата ѝ дала на компанијата сопственост на целиот каталог на музичарот, кој во тоа време се состоел од 20 студиски албуми, 300 песни, 7 EP-а, 23 албуми во живо и повеќе. Спрингстин, исто така, продолжува да генерира приходи преку нови проекти. Само оваа година, тој тргна на тримесечна турнеја низ Европа и Велика Британија, издаде специјално јубилејно 40 издание на неговиот албум „Born In The U.S.A“ од 1984 година и најави нов концертен документарец, пишува NME.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септемвриОпштина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката. Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Напредуваат градежните активности на Био ПазаротГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. [✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаВо текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпадВо текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода. Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter