Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
2Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаБркотница кај Прилеп – бегал со возилото, полицајци му пукале во гуматаФилмска бркотница се случувала во Прилеп. 35-годишен прилепчанец не само што не сакал да го сопре возилото што го управувал, туку и се обидел и да прегази полицајци. Инцидентот се случил откако прилепчанецот не бил пронајден дома, баран за кривично дело,,предизвикување на општа опасност". Потоа, тој бил пронајден како управува возило на улицата ,, прилепски бранители", по што, со службено полициско возило бил даден знак да застане, но истиот продолжил да вози. Полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но тој не го сопирал автомобилот, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полицајците. Бркотницата завршила кога еден од полицајците бил принуден да пука од пиштол во гумите на автомобилот и возилото запрело. На прилепчанецот му е одредена мерка притвор за сторено дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
БалканЕксплозија во уште едно бугарско складиште за оружје, пожар го осветли ноќното небоСилна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, соопштија локалните медиуми и официјални лица.Ова е втора експлозија во воен објект во последните недели. Нема извештаи за повредени во пожарот во близина на селото Царева Ливада, а локалните видеа покажаа пламен како го осветлува ноќното небо. „Во моментов, пожарот го зафати делот од складиштето на фабриката и се шири од складиште до складиште“, изјави за новинарите регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова. „EMCO“ беше цел на на напади од руски оперативци во минатото Цитирајќи извор во „EMCO“, локалните медиуми објавија дека пожарот избувнал на локација што ја управува компанијата и дека истата компанија претрпе експлозија во друг објект минатиот месец. „EMCO“ не беше веднаш достапен за коментар. „EMCO“ го води бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти беа цел на руски оперативци во минатото, според бугарските обвинители. Во 2024 година, Бугарија издаде налози за апсење на шест руски државјани обвинети за вмешаност во уништувањето на складиштата за оружје на „EMCO“ во кои се чувала муниција наменета за извоз во Украина и Грузија помеѓу 2011 и 2020 година. Обвинителите во тоа време изјавија дека постои основано сомнение дека експлозиите во Бугарија, обидот за труење на Гебрев во 2015 година и експлозиите во складиштата за муниција во Чешка во 2014 година се поврзани. Москва ги негираше обвинувањата. Извор: Индекс.хрТагови: експлозија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. СловачкаСловачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка. Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината. Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ. Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска ДавковаТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаГерасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметењеПаркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер. Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината. „Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски. „Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина. „Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски. А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар. Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook