Веб ТВБРАЗДИ - 12.07.2026 - BRAZDI - Жетва и откупни цени на пченицаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБрза помош: Во просек по тројца повредени возачи на тротинети на скопските улициПотрес на мозок, повреди на клучната коска, скршеници на раце и нозе, гребаници по лицето.Со вакви повреди најчесто во болница се завршува по пад од тротинет, а Итната медициска помош во просек периодов има по три случаи дневно. Млади луѓе и по забава во кафеана ноќе, се качуваат на тротинет, и бидејќи се во алкохолизирана состојба често завршуваат со посериозни повреди, алармираат од Итната медицинска помош. И движење од 25 км на час може да биде смртоносно, а потрес на мозок е често бидејќи ретко кој носи заштитна кацига, вели д-р д-р Елена Карева Пиловска. При губење на свест по пад од тротинет, треба да се побара итна медицинска помош. Ако лошо се падне особено на глава во наредните 72 часа е неоходна внимателност, бидејќи симптомите може да се манифестираат и подоцна. Д-р Пиловска појаснува дека граѓаните што ќе затекнат лице кое паднало од тротинет треба да знаат дека ако има сомнеж за повреда на р`бетот не смее да се поместува. За ваквите случаи да станат минато се смени и законот, а измените наскоро треба да стапат на сила. Па, малолетниците нема да смеат да користат тротинет, ниту да се возат по двајца, а ако бидат фатени, родителите ќе треба да праќаат најмногу 275 евра казна, а тротинетот ќе им биде одземен. Максимална дозволена брзина на движење ќе биде 20 км на час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Црна хроника16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во СарајНема крај на врсничкото насилство во земјава. Шеснаесетгодишник од скопски Сарај е приведен, откако по расправија, со нож тешко повредил 14-годишен малолетник. Од СВР Скопје информираат дека инцидентот се случил вчера доцна попладнето, прво, пред угостителски објект каде што дошло до физичка пресметка, а потоа и пред локална продавница. Постариот малолетник го нападнал со остар предмет 14-годишникот, нанесувајќи му тешка телесна повреда на момчето, кое возвратило со тврд предмет и му нанел повреда на напаѓачот. По целосно документирање на случајот, против повозрасниот малолетник ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции - резултатот е блокада и изолацијаВо изборната кампања Христијан Мицкоски ветуваше дека ќе обезбеди подобри преговарачки позиции со Европската унија од оние што ги имаше претходната влада. Две години подоцна, резултатот е сосема спротивен: Македонија е целосно запрена на европскиот пат, а процесот е доведен до целосна блокада и изолација. Наместо подобри услови, Мицкоски ја доведе земјата во ситуација во која нема никакво поместување. Уставните измени кои се клучни за продолжување на преговорите се блокирани. Реформската агенда која самиот ја ветуваше до 1 јуни повеќе не се споменува. Наместо да преговара и да бара решение, тој се крие зад празна реторика дека „не отстапува ни милиметар“ и дека „чекa покана од Европа“. Во реалноста, Мицкоски води двојна политика. Пред западните партнери се претставува како конструктивен, а пред домашната јавност гради националистички наратив за „капитулација“ и „предавници“. Кога нема резултати, се враќа на старата популистичка реторика за да го прикрие фактот дека свесно го одржува статус квото и ја блокира европската интеграција. Наместо да преземе одговорност и да ги праша граѓаните директно (преку референдум), тој постојано се повикува на „волјата на народот на следните избори“. Ова е јасен знак дека се плаши од директна одговорност и од конкретни одлуки. Две и пол години откако ветуваше подобри позиции, Македонија е подлабоко изолирана од кога било. Преговорите се замрзнати, реформите се запрени, а граѓаните ја плаќаат цената за политиката на чекање и блеф. Мицкоски не донесе подобри позиции. Донесе блокада и изолација. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26