Братот на сопственикот на ПСЖ: Добредојде, Зизу - Канал 5

Братот на сопственикот на ПСЖ: Добредојде, Зизу

Маурицио Покетино не е задоволен од својот ангажман во ПСЖ само десет месеци откако го презеде францускиот великан.

Братот на сопственикот на ПСЖ: Добредојде, Зизу

Аргентинскиот стручњак се споменува во најсериозните комбинации како нов тренер на Манчестер Јунајтед, откако Ралф Рангник ја има улогата на привремен тренер.

ПСЖ не сака да го пушти Покетино се` додека нема сигурна резервна опција. Најчесто се споменуваше името на Зинедин Зидан, но францускиот стручњак наводно не сака да го преземе тимот среде сезоната. Сепак, еден извор сугерира дека Зидан во ПСЖ е решена работа.

Калид бин Хамад бин Калифа Ал Тани, братот на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ, објави порака на својот Твитер: „Се е договорено. Наскоро официјална потврда. Добредојде Зизо“.

Во подоцнежна објава тој објави фотографија од Зидан и им посака добра ноќ на своите придружници. Сè уште не е познато дали шеикот само се шегувал, но ова е многу веродостоен извор. Тој минатото лето прв објави дека Лионел Меси ќе пристигне во Париз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер