Брачен пар од Прилеп се првите заболени од коронавирус од овој град, ги заразил синот

Брачен пар на возраст од над 60  години се првите два потврдени случаи на киорона вирус во Прилеп..

Биле заразени од нивниот син кој пред десетина дена  се вратил од одмор на Копаоник.. Поради ова локалните власти од денеска побараа да се засилат  контролата и дезинфекцијата  на четирите влезови во градот а утре среда пазарен ден се затвора и градскиот пазар..

Други официјални информации за тоа колкав број на прилепчани им е земен материјал за тест од корона вирус нема.. Ниту има официјална информација што е превземено  во прилепската Општа болница каде што предходно биле хоспитализирани двајцата заболени кои сега се Инфективната клиника.. Од полицијата информираат дека околу 175 прилепчани се во самоизолација,а против 8 кои самоволно ја напуштиле  смоизолацијата поднесени им се кривични пријави..

притисни ентер