Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
АвтомобилизамБондовиот „Aston Martin“ продаден на аукцијаАвтомобилот „Aston Martin DB5“ користен на снимањето на последниот филм за Џејмс Бонд е продаден на хуманитарна аукција за 2.922.000 фунти.„Aston Martin“ го продаде гореспоменатиот „DB5“ на аукцијата „60 години Џејмс Бонд“ на лондонската куќа Кристи, на која се собираа пари за „ The Prince''s Trust “, како помош на ветераните на британските специјални сили и разузнавачките агенции. Автомобилот има реквизити како што се LED регистарски таблички и митралези во фаровите и е еден од 25-те продадени предмети на аукцијата на Кристи, кои собраа вкупно 6.103.500 фунти за 45 различни потреби. Часовникот „ Omega Seamaster “ што го носеше актерот Даниел Крег во „ No Time to Die “ беше продаден за 226.800 фунти, меѓу другото, фустанот што го носеше Ана Де Армас беше за 37.800 фунти, а кинеската маска и зимската јакна на Реми Малек отидоа за 107.100 фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана ФилиповиќАпелациониот суд ја подтврди 2 и пол годишната казна за кумановката Гордана Филиповиќ, која во јануари 2022 година на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје смртно го прегази 76 годишниот Слободан Ангеловски. На пресудата и претходеше долгогодишен процес и повторени судења, а скопска апелација жалбите од Филиповиќ и нејзиниот адвокат за првостепената пресуда ги отфрли како неосновани и ја потврди затворската казна. Дополнително, добива забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5 години. Филиповиќ обвинителството и семејството на Ангеловски кое се приклучи на прогонот, ја гонеа за кривичното дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во ЊујоркИнвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, што се одржуваат во Њујорк. На сесијата, на која учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот, се разговараше за предизвиците и можностите што ги носи новата економија, со посебен фокус на обезбедувањето енергетска сигурност, пристапноста на енергијата и одржливоста како фактори за долгорочен економски раст и конкурентност. Во фокусот на дискусијата беа различните пристапи кон енергетската транзиција и начините на кои владите и бизнисите можат да воспостават рамнотежа меѓу економскиот раст и одржливоста, како и улогата на новите технологии, инвестициите и партнерствата во економската трансформација. Во тој контекст, беше истакната потребата од обезбедување соодветно финансирање и насочување на инвестициите кон капитални проекти што ќе придонесат за поголема енергетска сигурност и одржливост, при што ваквите инвестиции треба истовремено да бидат во функција на стабилен економски раст и јакнење на конкурентноста. „Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Беше посочено дека новите глобални економски услови бараат поширок пристап кон политиките за раст, кој покрај продуктивноста ги опфаќа и диверзификацијата на економската активност, создавањето високопродуктивни и квалитетни работни места, енергетската сигурност и јакнењето на долгорочната конкурентност. За Македонија, овие прашања се особено значајни во контекст на заложбите за забрзување на економскиот раст и создавање услови за поголема конкурентност на домашната економија. Во таа насока, важна е поддршката на инвестициите и економската трансформација, како и создавањето услови за сигурно и одржливо снабдување со енергија, што е значајно и за граѓаните и за конкурентноста на компаниите. Учеството на вакви меѓународни форуми претставува можност за размена на искуства и добри практики и за позиционирање на Македонија во глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст во следната деценија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски на јубилејот на Гентерм МакедонијаДесет години успешен пример за партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и странските инвеститори.По повод 10 години од отворањето на Гентерм во ТИРЗ Прилеп, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејот на компанијата, со кој се заокружува една деценија успешна работа, континуиран развој и партнерство во рамките на технолошките индустриски развојни зони. Присуството на директорот Димовски на јубилејот претставува потврда на континуираната соработка помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и компаниите кои работат во зоните, со фокус на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за нивниот долгорочен развој. Во своето обраќање, директорот Димовски упати честитки до менаџментот и вработените на Гентерм Македонија за јубилејот, истакнувајќи дека десетгодишното присуство на компанијата во ТИРЗ Прилеп е пример за значењето на партнерскиот однос помеѓу институциите и странските инвеститори. Тој нагласи дека ваквите инвестиции имаат многу пошироко економско значење, не само преку отворањето работни места и зголемувањето на извозот, туку и преку создавањето можности за развој на домашната економија, унапредување на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини. „Одлуката на една мултинационална компанија да инвестира во Македонија е важен чекор. Но, уште поважно е таа компанија да продолжи да работи, да се развива, да инвестира во луѓето и да ја гледа земјата како дел од својата долгорочна стратегија. Тоа е вредноста на континуитетот. И токму тоа го одбележуваме денес. За нашата земја, присуството на компании како Гентерм има значење што ги надминува рамките на една инвестиција.“ - кажа Димовски. Директорот Димовски, во насока на континуираниот раст и развој ја истакна и посветеноста на Владата. „Во оваа пригода, сакам да ја истакнам и посветеноста на Владата, предводена од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, која активно работи на унапредување на инвестициската клима и создавање поволни услови за развој на домашните и странските компании. Поддршката за инвеститорите, стабилното и предвидливо деловно опкружување и континуираниот дијалог со компаниите се важен дел од политиките насочени кон економски раст и отворање нови можности за граѓаните.“ - додаде тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter