Бизнисмен е осуден на доживотен затвор зашто лажирал киднапирање на авион поради љубовницата

Индиски бизнисмен е осуден на доживотен затвор поради обид за киднапирање , односно за подметнување лажно писмо за грабнување авион во авионскиот тоалет на летот на Џет Ервејс од Делхи до Мумбаи.

Бизнисменот Бирџу Сала се понадевал дека со тоа ќе и нанесе огромна штета на авиокомпанијата , за неговата љубовница , стјуардесата во Џет Ервејс , тогаш ќе се пресели кај него во Мумбаи. Бизнисменот треба да плати и казна од 638 421 евра.

Сала е првиот Индиец осуден според новиот закон за киднапирања. Тој признал дека ја напишал и ја подметна пораката во патничкиот авион.

Во неа пишувало дека во авионот има 12 киднапери и неколку експлозивни направи со барање авионот да се пренасочи кон проблематичниот Кашмир , единствена индиска држава со муслиманско мнозинство.

Бирџу Сала бил уапсен веднаш по слетувањето на авионот во Ахмедабад , на 778 километри од редовната дестинација. Тој се надевал дека по ваквиот потег , ќе ја избркаат од работа неговата љубовница и таа ќе мора да се пресели кај него.

Од паричната казна по 1277 евра ќе добијат пилотите поради стресот, секоја стјуардеса ќе добие по 635 евра , а секој од патниците по 317 евра.

Сала , наместо да го киднапира авионот можел едноставно да почека.

Според индиските медиуми авиокомпанијата веќе ги откажала сите надворешни летови и дел од домашнитге линии и се предвидува до крајот на годината да прогласи банкрот.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер