МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
2МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
МакедонијаБесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела ВодаТалентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од Општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони. За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, како и лекар, кој ќе ја следи нивната здравствена состојба. -Ми претставува посебно задоволство што денес ги испраќаме овие деца на заслужен летен одмор. Фокусот ни е насочен кон децата кои се во социјално ранлива положба, но и кон нашите талентирани спортисти, кои со својот труд и залагање заслужија да бидат дел од овој камп. Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени. Вложувањето во нашите најмлади останува наш приоритет-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска која утрово ги испрати учениците посакувајќи им среќен пат, безбедно патување и незаборавно летување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЕвропаАндраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на УнгаријаУнгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан. Тагови: Андраш Бака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook