Барселона му даде ултиматум на Дембеле

Барселона го загуби трпението со Осман Дембеле, открива каталонски „Спорт“.

Славниот клуб му дал ултиматум на францускиот фудбалер да одговори на понудата да го продолжи договорот до крајот на октомври. Тие веруваат дека доцнењето покажува непочитување на клубот што го чекаше, иако поради повреди помина повеќе од половина од сегашниот договор во болниците. Тој има договор со Барселона до крајот на сезоната.

Барселона бара од Дембеле да се согласи на нов договор доколку планира да остане во клубот. Доколку не се постигне договор, каталонскиот клуб би го продал во јануари. Доколку не се согласи да си замине, трибините го чекаат, бидејќи нема да се натпреварува. Барселона верува дека ова тешко ќе го погоди Дембеле бидејќи нема да може да му се наметне на францускиот селектор Дидие Дешам да добие покана за Светското првенство во Катар.

"Дембеле ги уверува луѓето во клубот дека сака да остане, но лидерот на Барселона добива информации за неговите состаноци со претставниците на Манчестер Јунајтед и Јувентус. Барселона инвестираше многу пари во него и не сака да губи трпение и време со него “, тврди Спорт.

Дембеле, вториот најскап играч во историјата на Барселона, кој му платија 135 милиони евра на Борусија Дортмунд пред четири години, оваа сезона не настапи поради повреди. Тој досега одиграл 118 натпревари за Барселона и постигнал 30 голови.

Кремљ: Договорен е прелиминарниот датум за видео-конференција Путин-Бајден

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните" билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност".

Швајцарија: Се зголемува бројот на заразени, се воведуваат построги мерки

Швајцарските власти денес најавија воведување на построги мерки за ограниучување поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Маските ќе мора да се носат во поголемиот број затворени простори а само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид ќе можат да одат на разни настани.

Надлежните ја повторија препораката што поголем број граѓани да работат од дома. Новите мерки стапуваат на сила на 6 декември и ќе траат до 24 јануари, пишува Ројтерс.

Ковид-сертификати за семејни собири?

Во Швајцарија досега се потврдени три случаи на инфекција со новата варијанта омикрон. Заразените се во изолација, а нивните контакти се во карантин.

Земјата која има 8,7 милиони жители се бори со пораст на инфекции, со повеќе од 96.000 нови случаи во последните 14 дена. На 29 ноември е забележан најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата – 11.340.

Властите исто така ја проширија употребата на Ковид сертификатите. Тие ќе бидат потребние за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

Ризик претставуваат и помалите семејни собири, се вели во соопштението.

„За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, препорачуваме во иднина да се воведе употреба на Ковид сертификат“, се додава.

притисни ентер