3Криминалец осум години бил во бегство, го сменил изгледот и живеел во Турција како жена- го издал еден детал
ФудбалБаерн му дава отказ на играч од десет милиони евра: Никој не го поднесува Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман му даде отказ на 22-годишниот Микаел Куисанс.Билд претходно напишал дека играчот од средниот ред не сака да тренира бидејќи смета дека е премногу добар за да седне на клупата на Баерн. Клубот не го толерира неговиот став, а соиграчите го сметаат за арогантен и груб. Тој ги повредил соиграчите Марсел Сабицер и Свен Улрајх на последните тренинзи, па тренерот Нагелсман имал специјални разговори со него. Било договорено Куанс да го напушти Баерн во јануари. Германскиот шампион ќе се обиде да го продаде. Во случај никој да не понуди пари за Французинот, Баерн ќе го отпушти. The moment Sven Ulreich got injured today. Mickaël Cuisance slipped and hit Ulreich to his knee. The extent of injury is unknown [📸 Bild] pic.twitter.com/3GvVXl5qE1 — Bayern & Germany (@iMiaSanMia) September 20, 2021 Куисанс пристигна во Баерн летото 2019 година за десет милиони евра од Гладбах. Во кариерата, тој играл за вториот тим на Нанси и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 17. септември 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 17. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат. Кариера Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен. Здравје и совет Продолжете со здрав живот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси. Кариера Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди . Здравје и совет Мали проблеми со дигестивниот тракт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно. Здравје и совет Одморете се по напорот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи. Здравје и совет Прво размислете , па донесете одлука. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето. Кариера Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат. Здравје и совет Нема ниту грижи , ниту пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба. Кариера Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување. Здравје и совет Слободно сонувајте со отворени очи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели. Кариера Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти. Здравје и совет Се наоѓате во добра форма. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска. Кариера Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Уживајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез. Кариера интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати. Здравје и совет Подобро да не коментирате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете. Кариера Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава. Здравје и совет Не се плашете да истражувате. Рак 22.6-22.7. Љубов Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов. Кариера Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Главоболката попушта. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста. Кариера Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет За некои работи уште не е време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВенко Филипче во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Кој ги кочи вистинските реформи, а кој се меша во независноста на институциите? Каде водат трагите за криминалот, а кому му се во функција „судиите од тефтерчињата“? Кој брои публика, а кој провизија? Кој бара алиби, а кој не сака предвремени избори? На неколку дена до објавување на новата стратегија за проширување на ЕУ -можни ли се изненадувања? Што ќе донесе посетата на Фон Дер Лајен? Можни ли се гаранции за уставни измени за деблокада на процесот? Има ли крај на политичкиот пинг-понг меѓу власта и опозицијата, како да се стави крај на длабоката поделеност во општеството? Вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче во Само Интервју со Гоце Михајлоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Можат ли домашните миленици да им помогнат на децата? Нова студија дава интересни резултатиИако врската помеѓу децата и домашните миленици често се смета за корисна, едно ново шпанско истражување покажува дека влијанието на животните врз менталното здравје на децата е комплексно. Иако врската помеѓу децата и домашните миленици често се смета за корисна, едно ново шпанско истражување покажува дека влијанието на животните врз менталното здравје на децата е комплексно. Според студијата, видот на животното и доследноста на соживотот со миленикот можат да бидат важни фактори. Во истражувањето учествувале речиси 1.900 семејства, а резултатите сугерираат дека одговорот не е едноставно „да“ или „не“, пишува MadeForMums. Методот и првичните наоди Научниците користеле податоци од долгорочниот шпански проект INMA, кој го следи здравјето и развојот на децата од бременоста до шестата или седмата година. Од речиси 1.900 вклучени семејства, 52,3% имале домашно милениче во одреден момент. Најчести биле кучињата (19,1%), мачките (8,7%), птиците (14,8%) и други животни како што се хрчаци, зајаци, желки и риби (28,6%). Првичната анализа покажала изненадувачки резултат - децата кои никогаш не живееле со домашно милениче имале најдобри показатели за ментално здравје. Но, кога истражувачите вклучиле други фактори во пресметката, како што се социјалниот статус, полот, возраста и местото на живеење, оваа разлика исчезнала. Немало јасна разлика помеѓу децата без домашни миленици и оние кои живееле со животни постојано или повремено. Влијанието на видот на животното Едно од специфичните наоди се однесува на мачките. Студијата забележа дека соживотот со мачка на возраст од четири или пет години бил поврзан со почести проблеми со менталното здравје кај децата. Сепак, истражувачите предупредуваат дека ова не докажува причинско-последична врска, бидејќи и други фактори кои не биле мерени би можеле да влијаат на резултатите. Како можни објаснувања, тие го наведуваат начинот на кој мачките комуницираат со луѓето и причините поради кои семејствата ги избираат. Се споменува и мала можна поврзаност со токсоплазмоза. Станува збор за инфекција почеста кај мачките, која во некои студии е поврзана со промени во однесувањето и нарушувања како што се биполарно растројство и шизофренија. Од друга страна, кај децата кои живееле постојано со животни како што се хрчаци, зајаци, желки или риби, бил забележан заштитен ефект. Животот со овие животни во раното детство се чини дека имал позитивен ефект и кај момчињата и кај девојчињата. Емоционална поддршка и развој на вештини Домашните миленици можат да играат важна улога во емоционалниот свет на детето. Врската со животно обезбедува утеха и можност за развој на социјални и емоционални вештини. Соживотот со миленик може да им помогне на децата да научат да ги контролираат своите емоции и да се смират, да развијат одговорност и емпатија и подобро да ја разберат невербалната комуникација. Преку грижата за домашното милениче, децата исто така практикуваат просоцијално однесување и наоѓаат утеха кога родителите или старателите не се во близина, а заедничкиот интерес може да ги зајакне семејните врски. Научниците претпоставуваат дека помалите животни како што се рибите, желките и хрчаците можат да обезбедат стабилни и едноставни можности за учење за одговорност, емпатија и самоконтрола. Важноста на доследноста во односот Студијата, исто така, открила дека децата кои живееле со мали животни како што се хрчаци, зајаци или риби цело време имале подобри резултати од оние кои имале само повремен контакт со нив. Ова сугерира дека долгорочната врска со животното може да биде покорисна, иако авторите на студијата нагласуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се разберат точните причини. Наодите за кучињата и птиците биле помалку јасни. Авторите објаснуваат дека една од причините е тоа што студијата била фокусирана на многу раното детство, период кога емоционалните врски со животно можеби сè уште не биле целосно формирани. Што значи ова за родителите? Дали ова значи дека треба да имате домашно милениче? Не мора. Студијата не докажува дека поседувањето домашно милениче ќе спречи проблеми со менталното здравје, ниту пак препорачува одреден вид животно како подобро за благосостојбата на детето. Пред сè, наодите покажуваат дека природата на односот помеѓу детето и животното е важна, како и возраста на детето и целокупната семејна средина. Истражувачите нагласуваат дека се потребни повеќе студии кои на подолг период би ги следеле постарите деца и развојот на нивниот однос со домашните миленици. За родителите кои размислуваат за нов член во семејството, овие резултати служат како потсетник. Животното треба да се набави затоа што се вклопува во динамиката на домаќинството, а не да се смета како алатка за подобрување на менталното здравје на детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter