Авторот на Squid Game откри детали за втората сезона - Канал 5

Авторот на Squid Game откри детали за втората сезона

Иако креаторот на мегапопуларната серија Squid Game, Хванг Донг-Хјук на почетокот не бил заинтересиран за снимање продолженија, фактот дека неговиот проект е најгледан во историјата на Нетфликс, го предомисли.

Авторот на Squid Game откри детали за втората сезона

Како што одминува времето, Хванг бил поблаг, а неодамна открил детали за тоа што може да очекуваат гледачите во втората сезона.

Како што знаеме, првата сезона завршува со главниот лик Сеонг Ги-хун кој чека да се качи на летот, но наместо да ја посети својата ќерка, поради што се согласил да учествува во лудото натпреварување, тој решава да се врати. Креаторот на серијата открива дека Ги-хун ќе се појави и во втората сезона.

„Се уште е во мојата глава и во фазата на планирање. Исто така, рано е да дознаам кога и како сето тоа ќе се случи. Она што можам да ви ветам е дека Ги-Хун ќе се врати. Тој ќе направи нешто за светот “, откри тој за АП, а минатиот месец рече дека ја разгледува и идејата за полициска истрага која се појавила во првата сезона, но немало премногу ефект.

Хванг, исто така, објаснил зошто втората сезона станала неизбежна: „Има толку голем притисок, побарувачка и љубов за идејата за втора сезона. Чувствувам дека гледачите не ни оставија избор“.

Да потсетиме, крајот на првата сезона налути многумина, а меѓу нив е и Леброн Џејмс кој напиша: "Седни во **ан авион и оди кај ќерка ти, брат. Што правиш?"

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер