Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови - Канал 5

Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови

Австралискиот новинар Тони Џонс им се извини на Новак Ѓоковиќ и на фановите на Србинот за коментарите што ги даде на телевизија во петокот, а кои десеткратниот шампион на Австралија опен ги оцени како „навредливи“.

Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови

Ѓоковиќ одби да го даде своето вообичаено интервју на теренот по неговата победа во четвртото коло над Чехот Јиржи Лехечка во неделата, чекајќи јавно извинување од Џонс и официјалниот преносител на турнирот во Мелбурн, „Канал 9“.

Џонс се потсмеваше на Ѓоковиќ и српските навивачи кои се собраа пред кабината за пренос на „Канал 9“, велејќи дека 24-кратниот Гренд слем шампион е „преценет“ и „минато“.

Во денешното интервју за каналот, Џонс рече дека коментарите ги смета за „шега“ и веднаш му се извини на „штабот на Ѓоковиќ“ откако сфати дека тие не се прифатени со смисла за хумор.

-Се извинувам на Новак и на српските навивачи. Ние изградивме добри односи со српските навивачи со текот на годините... имаше мајтапење и мислев дека тоа што го правам е продолжение на тие шеги. Сосема е јасно дека ова не беше така протолкувано. Се чувствувам како да ги разочарав српските навивачи, прокоментира новинарот.

Џонс рече дека единствениот коментар за кој особено зажалил е „избркајте го“, што тој прифатил дека може да се толкува како упатување на депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија затоа што не бил вакциниран против КОВИД-19 на почетокот на 2022 година.

-Тоа го налути Новак, што сега целосно го разбирам. Тоа беше непријатна ситуација, додаде тој.

YouTube video

Седмиот носител Ѓоковиќ во вторник во четвртфиналето игра против светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ Амбасадорот Рокас во посета на Штип

Во среда, 10 јуни 2026 година, Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, ќе ја посети општина Штип. 

ЕУ Амбасадорот Рокас во посета на Штип

Посетата е дел од иницијативата за информирање на јавноста насочена кон приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.

Посетата на Штип ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Иван Јорданов и членовите на Општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и на видливото влијание на финансиската поддршка од ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во регионот.

За време на посетата, амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува во отворена дискусија со граѓаните на Штип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

На денешната седница на Советот на Град Скопје, преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, беа обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

Новата станица ќе биде лоцирана во општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и унапредувањето на условите за работа на скопските пожарникари.

Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобра организација на противпожарните служби, побрза реакција при интервенции, поефикасно спасување човечки животи и зголемена заштита од пожари и други вонредни ситуации во урбаните и приградските подрачја на градот.

Пожарникарите секојдневно се соочуваат со сериозни ризици во извршувањето на своите задачи и затоа заслужуваат современи услови за работа, модерна опрема и соодветна инфраструктура. Изградбата на новата станица е конкретен чекор кон целосна модернизација на Противпожарната бригада на Град Скопје и создавање систем кој ќе биде подготвен, брз и ефикасен кога тоа е најпотребно.

Градот Скопје изразува благодарност до сите советници кои го поддржаа овој проект и придонесоа за неговата реализација. Станува збор за инвестиција од трајно значење која директно ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на сите граѓани.

Град Скопје продолжува посветено да работи на реализација на проектите кои носат конкретни резултати и придобивки за градот и неговите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.

Учество на министерот Муцунски на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата.

Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат европската перспектива на Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочувањето на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици.

ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот.

Во рамки на состанокот се очекува да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди посветеноста на учесниците кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер