Австралиска блогерка тврди дека пропатувала 19 земји со по 10 евра дневно

Блогерката Имоџен Блоу за десет месеци посетила 65 градови , а тврди дека на патувањата трошела по 10 евра дневно.

23 годишната Австралијка открила дека може да ги штеди парите , така што ќе преспива кај непознати , кои ги запознавала преку апликација, сама си подготвува вегетаријански оброци , се вози со автостоп и понекогаш користи спонзорство на Еуреил за бесплатно возење со воз.

GOODBYE BEAUTIFUL AMALFI ⛰🏚🚝

A post shared by IMOGEN BLOW 🌏 Travel blogger (@imogenblow) on

Дневниот буџет и е десет евра и ги троши само на превоз , храна и сместување. Додава дека вака бо можел секој да патува.

,,Понекогаш поминуваат денови да не потрошам ниоту паричка. Некои од домаќините ми купуваат продукти со кои готвам јадење за сите . Некогаш останувам без пари , па десетте евра ги развлекувам да ми траат и по четири дена.”

Вели дека секогаш не поминува најдобро. Кога патувала низ нејзината родна Австралија , Имоџен била касната од голем пајак. Во Атина , пак , добила инфекција поради каснување од стеници , а додека стопирала во Сардинија , ја нападнал еден возач.

Lemme tell you about time time I locked myself out of my RUNNING car 🚗💨🔑. . Tbh that’s pretty much the story, my car was running, I was trying to lock out my barbaric Wesley kids (I coach rowing at a school here), so I locked the doors... . BUT then realise I’ve locked the doors without the key in my hand... it wasn’t even just inside my car.... it was RUNNING THE MOTOR?!?! 🙈. . Thank goodness I had cracked the window a cm down so we found a piece of wire to reach down and pull the lock up again (it’s a really old car so it has those little stick locks on the door) 😂. . And that was the only time I was thankful for having such an old heap for a car ✌🏼🙈

A post shared by IMOGEN BLOW 🌏 Travel blogger (@imogenblow) on

I am so strange. Here are 3 strange facts about me 😋🔥💃🏼. . 1️⃣ I don’t drink coffee, tea, beer or wine ☕️🍺🍷 which rules out essentially all social drinks haha. When I get coffee with someone I sit there like a child with my hot choc or smoothie 😂 I just don’t want to get addicted to caffeine and need it to wake up, plus coffee and alcohol is hell expensive in Aus 🙈 . 2️⃣ My friends sometimes find me stranded on the side of the road with no fuel ⛽️😂🚙 You may have seen my old car on my stories recently 😂 my fuel gauge doesn’t work so I’d be bunny hopping down the street before I realise I’d run out of fuel. I now have a can of fuel in my boot, but it makes everything smell like petrol!! ⛽️🙈 . 3️⃣ I don’t really wear make up 🙈💋💄 Not that I don’t want to, I just can’t do it. Whenever I’m going to an event that requires make up I have to get my friends to do it 😂 ALTHOUGH I loveee BB cream, it’s like suncream (which being a redhead, I’m super good at applying 😋) but for your face!! 😌

A post shared by IMOGEN BLOW 🌏 Travel blogger (@imogenblow) on

Чудни предмети испливаа на брегот на Тексас, граѓаните добија предупредување (ФОТО)

Жителите на брегот на Тексас се предупредени да бидат свесни за „невообичаени портокалови предмети“ по извештаите за нивно откривање на плажите во Галвстон и Фрипорт.

Мали правоаголни блокови исфрлени на брегот со видно прикажани пораки- веднаш да го контактирате нивниот сопственик.

Необичните предмети се во сопственост на истражувачи на морскиот свет.

Заливскиот центар за истражување на морски желки се обидува да разбере како океанските струи влијаат на движењата на морските желки во текот на годината.

Поради оваа причина тие направиле дрвени блокови кои би требало да имитираат желки, пренесува UPI.com.

„На островот Chandeleur во Мексиканскиот залив беа ослободени 80 блокови, а повеќе од половина се упатија кон брегот на Тексас. Во изминатите неколку дена се пронајдени четири“, соопштија од организацијата.

Научниците апелираат до граѓаните да ги контактираат во случај да најдат портокалови предмети, за да можат да соберат важни податоци.

Масакр во руската војска: Убил шестмина соборци и избегал, потерата е во тек

Според извештаите, полицијата трага по руски војник осомничен за убиство на шест негови соборци во источна Украина.

Потрагата по него доаѓа кога руски офицер се соочува со судење за убиство на седум војници под негова команда, откако минатата година фрли граната во соба, пишува Newsweek.

Од почетокот на инвазијата на Украина, имаше повеќе тврдења за низок морал меѓу руските трупи, со причини кои се движат од незадоволство од обуката и опремата, до преиспитување на раководството на претпоставените.

Воените напори на Москва беа поттикнати од осудениците на кои им е понудена слобода доколку војуваат шест месеци, иако руските сили сега велат дека помалку се потпираат на затворениците од затворските колонии низ целата земја.

Еден осуденик, 57-годишен помлад поручник идентификуван од Телеграмскиот канал База како Јури Г., избегал откако на 4 мај застрелал шест војници од артилериски баталјон во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) во Украина.

Осомничениот, наводно, имал автоматска пушка АК-12 со придушувач и муниција, а полицијата ги пребарува градовите во близина на границата со Украина во регионите на Ростов, Белгород и Воронеж, објави База во извештајот што го објавија и други руски медиуми. .

Последниот инцидент доаѓа откако започнало судењето на поранешниот вршител на должноста командант на вод, поручникот Дмитриј Лобовиков, кој е обвинет за убиство на седум негови подредени и ранил најмалку 10 други за време на прославите на 13 и 14 јануари 2023 година.

Тој, наводно, не бил задоволен од она што го видел кога дошол да ги провери војниците во касарната и извадил граната RGD-5, го повлекол осигурувачот и побарал од војник да го врати на своето место, пишува весникот „Комерсант“.

Војникот одговорил дека не научил како да го прави тоа. Откако го навредил, Лобовиков влегол во ходникот од каде е обвинет дека фрлил граната во соседната просторија каде спиеле војници од друга чета, при што убиле седум лица и уништиле дел од касарната.

Лобовиков е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство, намерно нанесување телесни повреди, намерно уништување и оштетување на имот, како и за недозволено поседување експлозивна направа.

Извештајот на Комерсант не ја прецизирал локацијата на инцидентот, но неговиот случај е сослушан пред поротата во Западниот воен окружен суд, кој ги покрива европските региони на Русија кои граничат со Украина.

Newsweek го контактирал руското Министерство за одбрана за коментар.

Маск со повик вештачката интелигенција да се насочи кон вселената и да се насели Млечниот пат

Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови SpaceX (SpaceX) Илон Маск посочи дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.

Тој на конференцијата на Институтот Милкен во Калифорнија, што се одржува од 5 до 8 мај, рече дека вештачката интелигенција (ВИ) може да се користи за напредок на целата цивилизација и повика вештачката интелигенција да се насочи кон истражување на вселената.

Маск додаде дека размислувањата за населувањето на галаксијата го наведуваат да размислува за постоењето на вонземјани.

Во разговор со основачот на Институтот, Мајкл Милкен, тој истакна дека е загрижен за заканата од исчезнување на човештвото и како еден од главните ризици го спомена падот на наталитетот.

„Кога една цивилизација нема надворешна закана и напредува, наталитетот нагло опаѓа“, вели бизнисменот.

притисни ентер