Ауди ја презема контролата над престижен британски бренд - Канал 5

Ауди ја презема контролата над престижен британски бренд

Lamborghini и Ducati остануваат под контрола на гигантите од Инголштад.

Ауди ја презема контролата над престижен британски бренд

Audi полека но сигурно презема доминантна улога во Volkswagen групацијата. Откако многу успешно ги воведе Lamborghini и Ducati во новата ера, сега ќе се обиде да го повтори и со престижната британска марка.

Бентли со години е под покровителство на VW, а неговиот бизнис досега го водел прилично лабаво Porsche. Малкумина би го кажале тоа бидејќи Бентли имаше голема слобода во креирањето на деловната политика. Сепак, дојде пандемија и со тоа заврши времето кога се дозволуваше да се трошат пари. Кру наскоро морал да го прекине производството на својот познат V8 мотор и полека да се сврти кон модерните технологии.

Планот на Фолксваген е јасен од 2020 година. Наречен е Together 2025+ и претставува ново реструктуирање што резултира со намалување на фиксните трошоци за 5 проценти и трошоците за материјали за уште 7 проценти за само две години.

Во исто време, сите луксузни брендови остануваат во портфолиото на групацијата и не сакаат да се откажат од нив. Секако тука не е вклучен Бугати кој и тогаш не бил спомнат во стратегијата.

Bentley е под целосна контрола на Audi од првиот ден од оваа година, што значи дека тие ќе работат заедно на електрификација и технолошка соработка, се` со цел Bentley да ги помине овие многу предизвикувачки времиња што е можно поуспешно.

Секоја одлука на Бентли мора да биде координирана и одобрена од Инголштад, а истото важи и за секоја идна инвестиција. На пример, нема да може да се работи со Lamborghini, на пример, без одобрение од Audi. Ова го прави Bentley уште еден сателит за чија стратегија се грижи Audi.

Впрочем, Audi има финансиска контрола врз марката, но и целосна одговорност. Адријан Халмарк станува еден вид менаџер на Бентли, додека шефот на Ауди, Маркус Дузман ги носи одлуките.

За дополнително да ги зачинат овие улоги, да речеме дека Германците ќе им наредат на Британците што и како да прават, ако сакаат, ќе можат да ја сменат администрацијата, па дури и да влијаат на нивниот производствен капацитет. А кога станува збор за производството, сегашната платформа на Porsche MSB ќе биде заменета со модуларни PPE41 / 51 и SSP4 / 5.

Според достапните информации, првиот електричен Bentley ќе се појави на пазарот во 2025 година, моделот D-Lux, кој ќе биде пандан на денешниот Land Rover Velar. Во меѓувреме ќе пристигнат и plug-in верзии на актуелните модели, како и електричните Flying Spur и Bentayga.

Планот е јасен, но сè уште не е јасно дали прилично конзервативната клиентела ќе биде подготвена толку брзо да премине од бензински пумпи на електрични полначи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер