Нема нови случаи на инфицирани од корона вирусот-50-годишната заразена жена е стабилна

Стабилна е здравствената состојба на 50-годишната жена заболена од коронавирусот и засега нема знаци на компликации. 

Синоќа уште две лица побарале тестирање. Едниот е шофер на камион и неговите резултати се негативни. Во вториот случај, за жена која била на кратко патување во Рим, се правеле дополнителни тестирања поради малите сомнежи, но попладнево Министерството за здравство информираше дека и овие наводи се негативни.

-Сопатниците од комбето кои се возеле заедно со жената со коронавирусот  остануваат во 14- дневен домашен карантин, под 24 часовен надзор од припадниците на МВР. Исконтактирани се сите луѓе со кои тие се сретнале по нивното враќање во Скопје.

Денеска смирувачки тонови кон загрижените граѓани упати и регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге. Според него, Македонија вложува максимални напори да се одржува ситуацијата под контрола.

Kлуге уште еднаш посочи – темелно мијте ги рацете и внимавајте како кашлате и кивате.

притисни ентер