Прв случај на заболен од коронавирус во Шпанија

Во Шпанија е потврден прв случај на заболен од коронавирус на далечниот острово Хомера, соопшти Министерството за здравство на Шпанија.

Вирусот е дијагностициран кај еден од петте луѓе кои биле во изолација откако било откриено дека некои од нив бил во контакт со Германецот заболен од коронавирусот, стои во соопштението од шпаанското министерство.

Во соопштението е наведено и дека потврдата од Националниот центар за микробиологија стигнала по само неколку часа откако авионот со групата од 27 луѓе од земјите од ЕУ била евакуирана од Вухан, со авион кој слетал во Мадрид, пренесе Ројтерс.

Ниту еден од Шпанеците кои биле во тој авион нема симтоми на вирусот, но сите ќе бидат во карантин во воена болница во Мадрид 14 дена.

Во Германија пак е потврден и седмиот заболен од коронавирусот, станува збор за работник на компанијата од Баварија во која работат уште петте лица кои претходно биле позитивни на тестот.Шестиот заболен од корона во Германија е дете на работник од истата компанија.

притисни ентер