Фолксваген произведува колбаси?

Колбаси со знакот на Фолксваген се прават во таа компанија уште од 1973 година и по бројот на произведени парчиња го надминуваат и бројот на произведени автомобили од овој германски бренд.

Фолксваген во 2019 направил и продал 6.8 милиони популарни кари колбаси а годишната продажба пред неколку години изнесувала околу 7 милиони парчиња.

Од друга страна, германскиот автомобилски гигант минатата година изработил 6.2 милиони возила, што е примарна дејност на оваа компанија.

Фолксваген произведува кари колбаси веќе 47 години. На почетокот ги користеле само за исхрана на работниците во фабриките на оваа компанија а денес се достапни и во продавници ширум Германија.

Локалните продавачи на Фолксваген ги поклонуваат на муштериите а германскиот произведувач за нив има и каталошки број, како автомобилските делови кои ги изработува- во каталогот за компоненти се водат под ознака 199 398 500 А.

Колбасите се прават главно од свинско месо, кое во фабриката во Волфсбург пристига три пати неделно.

„Нашите кари колбаси содржат само 20% маснотии, додека во другите обично има околу 35%“, истакнува со гордост главниот месат Франко Ло Прести, кој ги прави колбасите во Фолксваген од 1979.

Во склад со новите трендови, Фолксваген во својата понуда неодамна вклучил и вегански колбаси.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер