Белорусија ја предупреди Полска на можна терористичка закана - Канал 5

Белорусија ја предупреди Полска на можна терористичка закана

Белоруското Министерство за надворешни работи ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги проверуваат наводите. 

Белорусија ја предупреди Полска на можна терористичка закана

Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана, пишува „Еуроњуз“.

Предупредување доставено до полски дипломат

Белоруското министерство во четврток објави дека го повикало на разговори полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана. На таа средба, според официјалното соопштение, на полската страна ѝ биле дадени информации за наводно планираниот напад.

Целта на нападот наводно се деца на активистите

Во соопштението од Минск се наведува дека во случајот се работи за лице кое живее во Полска и има криминално досие. Ова лице неодамна ја изгуби дополнителната заштита и правото на престој во земјата.

Белоруските власти тврдат дека го планирале нападот врз децата на белоруски активист кој живее во Полска. Мотивот е одмазда бидејќи активистот наводно не му помогнал доволно на осомничениот да го задржи својот легален статус во Полска. Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да ѝ достави на Варшава дополнителни информации доколку е потребно.

Полските служби ги проверуваат информациите

Полската новинска агенција побара коментар од Јацек Добжински, портпарол на координативниот министер за специјални служби. „Не коментирам медиумски извештаи на оваа тема. Сепак, можам да ве уверам дека полските служби не игнорираат никакви загрижувачки сигнали и дека пристапуваат кон сите информации за можни закани со должна сериозност и решителност“, рече Добжински.

Тој додаде дека специјалните служби генерално не зборуваат јавно за своите активности во раните фази од истрагата. „Вообичаено е разузнавачките служби насекаде во светот да не откриваат во оваа фаза дали презеле некакви чекори или какви точно се тие“, рече тој.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така, се осврна на ситуацијата во Варшава во петокот. Тој рече дека секое предупредување за тероризам се сфаќа сериозно. „Ова се информации стари само неколку часа и ние сè уште ги проверуваме. Секако, ние сериозно го третираме секое предупредување за тероризам и го подложуваме на верификација“, рече Сикорски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Унграскиот премиер ги расчисти дилемите.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија.

Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. 

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври.

-Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос.

Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен.

-Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче.

- Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче.

Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите

Новите цени на меѓуградскиот автобуски превоз го зголемија месечниот трошок за илјадници семејства, а меѓу најпогодените се средношколците и студентите кои патуваат од град во град. 

Поскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите

Додека во голем број европски земји младите и студентите користат субвенциониран или значително поевтин јавен превоз, а во одредени градови и бесплатни линии, кај нас останува трошоците за патување студентите и нивните семејства да ги покријаваат од свој џеб.

Најмногу реакции предизвика поскапувањето на релацијата Тетово–Скопје, каде месечниот билет порасна од 5.500 на 6.500 денари, што за граѓаните, значат дополнителни 1.000 денари месечно или 12.000 денари годишно само за превоз. Повисоки цени има и кај автобускиот превоз меѓу Куманово и Скопје. Цената на билетот во еден правец е зголемена од 170 на 200 денари, додека повратниот билет чини 400 денари, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Од Универзитетското студентско собрание на УКИМ велат дека поскапувањето дополнително ќе го погоди буџетот на семејствата на студентите и средношколците кои секојдневно користат меѓуградски превоз.

„Овој бран на поскапување на цените на билетите дефинитивно удира директно по студентскиот стандард. Ние како УСС го увидовме овој проблем уште кога се појави и работиме на иницијатива којашто ќе ја споделиме со јавноста во следниот период. Треба да најдеме компромис со институциите со кој би им го олесниле овој товар на студентите.“ – Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ

Засега нема најава дека државата ќе го субвенционира меѓуградскиот превоз за студентите. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека бесплатниот превоз важи таму каде што веќе постојат такви одлуки, но посебна мерка досега не била предвидена.

„Таму каде што имаме можности, таму каде што има одлуки, студентите имаат бесплатен превоз мислам на Град Скопје. Меѓуградски досега не сме предвиделе. Јас би сакала да нагласам дека основното и средното образование се бесплатни. Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава – вели Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски по реакциите во јавноста најави дека институциите ќе го разгледаат поскапувањето.

„Да, ќе го преиспитаат покачувањето на цените на меѓуградскиот превоз.“ – Христијан Мицкоски, премиер

Приватните превозници засега немаат дадено официјално објаснување за причините за зголемувањето на цените токму пред почетокот на новата учебна и академска година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер