Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
1Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
3Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата
МакедонијаЕксклузивно: Стефанова не дава согласност за времен пасош за Камчев и ПанделевскиОбвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење по барањето на Орце Камчев за времен пасош.Информацијата за Канал 5 ја потврдија од обвинителството од каде велат дека мислењето веќе е доставено до Кривичниот суд кој треба да се произнесе. Камчев е осомничен во случајот „Империја“ а времениот пасош кој претходно го доби со одобрение од екс специјалната обвинителка Катица Јанева му истече во петокот. Минатата недела тој повторно достави барање за нов времен пасош во траење од една година. Освен него таква патна исправа бараше и Цветан Панделевски кој исто така е осомничен во империја, но и за него обвинителката Стефанова исто така дала негативно мислење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМолк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенцијаМолк од бугарското МНР по реакциите од македонското Министерство за надворешни за провокативните и навредливи изјави на бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков, но и на тамошниот министер за внатрешни работи Демерџиев за случајот со Ива Михаилова. Изјавата на Радуков дека би бил изнанден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од Македонија, од македонското МНР ја оценија и како дирктнно мешање во внатрешните работи на земјава, а тоа јасно му било укажано и на вршителот на должност во бугарската амбасада кој вчера беше повикан на разговор во МНР. Премиерот Мицкоски одби да ги коментира ваквите изјави на Демерџиев и Радуков, иако потенцираше дека имал што да им одговори. Ваквата реторика од бугарската страна, според аналитичарите ќе продолжи па дури и ќе се заоаструва бидејќи официјална Софија го политизира случајот со Михилова. Според Петар Арсовски можно и прогласување на бугарскиот амбасадор за персона нон-грата во земјава согласно Виенската конвенција за дипломатски односи. „Не очекувам деескалација на таа реторика брзо и очекувам дека ќе биде тешко да се оствари нормален разговор по димпломатски канали со Софија во догледно време, односно се додека не спласне овој случај. Во основа на македонското МНР мустојат на располагање повеќе мерки од формална протесна нота до подигање на протесна нота на ниво на МНР со МНР, до посериозни импликации за вршителот на должност, ако се смета дека тој ги пречекорил дипломатските протоколи согласно Виенската конвенција дури и до прогласување за персона нон-грата. Повеќе од тоа не може да се оди бидејќи сепак тоа е реторички, а не дипломатски инцидент“– Петар Арсовски, политички аналитичар. Бугарската министерка за наворешни Петрова Чамова пак не ја спомена реакцијата од Македонското МНР, а во однос на евроинтеграциите на земјава порача дека била потреба поголема политика воља од македонска страна. Инаку бугарскиот министер за внатреши Демерџиев во поткаст за тамошните медиуми посочи дека не планираат ниту да ја бараат, ниту да ја испорчаат Михаилова во замјава, додека бугарскиот амбасадор Радуков изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија, но порача дека го разбирал нејзиот очај поради ниската доверба во македонските институци. Токму вакава изјава е оценета како мешање во внатрешните работи на земјава од страна на македонското МНР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во ПрилепПо децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција.Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот. Спортската сала се наоѓа на улицата „Цане Кузмановски“, во урбано подрачје со добра сообраќајна поврзаност со останатиот дел од градот. Изградена е во 1978 година, а во 1993 година била зафатена од пожар, по што била обновена и реконструирана неколку години подоцна. Денес објектот е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изграден, поради што е предвидена негова целосна реконструкција. Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал. Според проектната документација, просторот за игра е димензиониран според ракометно игралиште со должина од 40 метри и ширина од 20,33 метри, додека висината до највисоката точка изнесува 13,90 метри. Предвиден е заштитен појас од два метра зад головите и по 1,20 метри по должина на страничните линии на салата. По реконструкцијата, спортскиот објект ќе располага со 1.959 седишта за публика, распоредени во 15 реда од двете страни на теренот. Покрај посебните влезови за публика, професионални спортисти и корисници на рекреативните содржини, предвидени се и соодветни пристапи за лицата со попреченост. Проектот не опфаќа само архитектонска реконструкција, туку и зафати во електричните инсталации, водоводот и канализацијата, како и во термотехничките системи. За објектот веќе е изработена техничка документација за основен проект за реконструкција и санација, со намена Б6 – спорт и рекреација. Предвидената вредност на реконструкцијата изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Средствата се планирани да се исплаќаат во три фази: два милиона денари во 2026 година, 89 милиони денари во 2027 година и уште 89 милиони денари во 2028 година. Со обновувањето на салата „Македонија“, Прилеп треба да добие репрезентативен спортски објект што ќе создаде подобри услови за развој на спортот, за тренинзи и натпревари, но и за секојдневна рекреација. Инвестицијата претставува повеќе од обновување на спортската инфраструктура. Таа е вложување во здравјето и правилниот развој на младите генерации, како и во создавањето услови за идните спортски таленти да ги развиваат своите способности и да градат спортски кариери во современ и соодветно опремен објект. Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдатаПостигнавме премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е „здравствен“, туку е „правен“ бидејќи таа е бегалка барана со меѓународна потерница. Вака, Министерот Сашо Клековски го образложи исходот од средбата со неговата колешка, бугарската Министерка Катја Ивкова, во Софија, на која разговарале и за Михаилова, која кога се даде во бегство тврдеше дека морала да го направи тоа бидејќи во Македонија немало услови за нејзино лекување. -Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на И.М не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено, не го разговаравме,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Наводната неопходност од лекување во Бугарија Михаилова го базира на отпусното писмо што го поседува од Клиниката за неврологија со потпис на професорот д-р Иван Барбов кој сега, како што за Канал 5 потврди Директорот на Клиниката Јован Божиновски, се соочува со казна од здравствениот инспекторат, бидејќи е утрдено дека никогаш не била заведена во „мој термин“ па според електронскиот систем е „пациент фантом“. Инспекција деновиве ќе тропне на врата во сите болници во кои Михаилова се лекувала, вклучувајќи и приватна болница и ординации во Кочани и Штип. -Побарано е проширување на надзорот, со вклучување на јавни здравствени установи каде што во 2025 и 2026 се вршени одредени здравствени услуги за особата И.М. и дополнително ќе се формира комисија за стручен надзор за медициснкиот аспект бидејќи знаете дека ДСЗИ врши надзор на административните делови и регулативата, не врши врши контрола на содржината на наодите,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Ива Михаилова избега од Македонија минатиот понеделник и по бројните интервјуа што ги даде за бугарските медуиме, отиде во бугарската болница „Пирогов“ и се уште е ходпитализирана таму. Од болницата за Канал 5 не даваат детали за тоа што покажале испитувањата и дали и каква интервенција ќе и прават..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook