Колку црна ќе биде кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Официјалниот почетокот на предизборната кампања за предвремени избори напролет е далеку. 

Но, слушајќи ги говорите на партиските лидери и размената на обвинувања за криминал и корупција меѓу власта и опозицијата се чини во пресрет на овие избори ќе ја следиме една од најцрните кампањи досега.

Следејќи ги прес конференциите на претставниците на власта и СДСМ во изминатиот период се очекува дека во говорите често ќе се слуша обвинувањето дека Мицкоски е само продолжена рака на Груевски, ќе се споменуваат хидроцентралите кои ги поседувал лидерот на опозицијата. Ќе се обвинува ВМРО ДПМНЕ за изолација, национализам и виновни за оценката за земјава како заробена држава. Предметите кои ги отвори специјалното обвинителство, Скопје 2014. Опозицијата ќе биде удар и поради упадот во Собранието а 27-ми април, а ќе продолжат и прашањата дали бизнисменот Орце Камчев, осомничен во предметот „Империја“ ја финансира опозицијата.

Актуелниот случај „Рекет“ во кој „падна“ екс специјалната обвинителка Катица Јанева, улогите на „Кики“ и „Фрики“ во милионскиот рекет, како и т.н. Рекет 2 – ќе бидат главните аргументи на опозицијата во оцрнувањето на СДСМ и премиерот Заев. „Името се промени, а нема датум за ЕУ“, се очекува да биде една од најчесто споменуваните реченици заедно со тоа дека Владата на Заев ги стави на распродажба историјата и идентитетот. Опозицијата, не пропушта во кој настап да потседети и на аферата со тендерот во кој се инволвира генералниот секретар на Владата, Рашковски, непотимзот и примерот на Мира Дизел, како и актуелниот Закон за канабис. „Кацарска судството и Русковска обвинителство“ – како синоним за потреба од реформи во правосудството ќе се слушаат често на собирите на ВМРО ДПМНЕ.

Оцрнувачките говори од плоштадите секако ќе бидат неизбежни, велат политички аналитичари, но апелираат партиите акцент да стават и на понудат на решенија за проблемите на граѓаните и за иднината на државата. 

Кржаловски очекува веќе од следната недела партии да влезат во неофицијална кампања засилувајќи ги активностите и заострувајќи ја реториката.

притисни ентер