Кучиња скитници – проблем за кој само се зборува

Кој е извршителот на грозоморното убиство на двете кучиња-скитници во скопски Аеродром - МВР засега нема одговор. 

Оттаму велат дека се работи на расчистување на инцидентот, а пак доколку тоа не се случи наскоро, активистите за заштита на животните најавија масовни протести во главниот град.

Скопјани револтирани што се уште се провлекува горливиот проблем – тврдат дека состојбата на улиците со кучињата-скитници останува иста.

Опозицијата обвини дека главниот град се претворил во касапница. Според ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Петре Шилегов излажал дека ќе профункционира стационар со европски стандарди.

Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа.

 Според претседателката на Советот во Град Скопје, Љубица Јанчева, стационарот „Лајка“ функционира, а градот се справува со проблемите.

Според најавите на градските власти, во Лајка, штом заврши реконструкцијата, ќе бидат згрижени над 230 бездомни кучиња и се надеваат дека ќе се стави крај на неодговорното сопствеништво на миленици.

притисни ентер